NATURES AID Коензим Q-10 100 мг - 90 капсули

NATURES AID Коензим Q-10 100 мг - 90 капсули
1.800,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Атрибути
Шифра
048313C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Коензим Q10

  • На база на масло од сончоглед за оптимална апсорпција

Коензим Q10, исто така познат како CoQ10, е соединение кое помага да се генерира енергија во нашите клетки. Нашето тело произведува CoQ10 природно, но неговото производство има тенденција да се намалува со возраста. За среќа, CoQ10 може да се добие и преку додатоци или храна.

Влијание на Коензим Q-10:

  • Здравствени состојби како срцеви заболувања, нарушувања на  функцијата на мозокот, дијабетес и рак се поврзани со ниско ниво на CoQ10. Не е јасно дали ниското ниво на CoQ10 ги предизвикува овие болести или е резултат на нив.
  • CoQ10 е присутен во секоја клетка на вашето тело. Сепак, најголемите концентрации се наоѓаат во органи со најголеми енергетски побарувања, како што се срцето, бубрезите, белите дробови и црниот дроб.

Производството на CoQ10 се намалува со стареењето. Така, се чини дека постарите луѓе имаат недостаток на ова соединение.  Био-синтезата на коензим Q10 почнува да опаѓа околу 25-тата година.

Некои други причини за недостаток на CoQ10 вклучуваат:

  • Генетски дефекти во синтезата или употребата на CoQ10
  • Зголемена искористливост од ткивата како последица на болест
  • Митохондријални заболувања
  • Оксидативен стрес поради стареење
  • Несакани ефекти на третмани со статин

Многу истражувања откриле широк спектар на здравствени придобивки на CoQ10:

  • CoQ10 ја зголемува еластичноста на крвните садови, го намалува ризикот од оштетување на ѕидовите на крвните садови, кое доведува до мозочен удар, хипертензија и срцеви заболувања
  • Недостигот на CoQ10 доведува до намалено производство на аденозин трифосфат кој е основен извор на енергија во организмот
  • Ја подобрува плодноста - го чува здравјето на јајце клетките и сперматозоидите
  • Ги штити нервите и се употребува во третманот на многу пореметувања, како Ајцхајмерова и Паркинсонова болест и мултиплекс склероза

Пакување: 90 капсули, меки.

Содржина

Состав: Една (1) капсула, мека содржи:
Co-Enzyme Q10                    100 мг
Состојки: масло од сончоглед, желатин (говедски), глицерин, Co Q10, силициум диоксид, природни бои (црн железен оксид и црвен железен оксид).
Информации за алергени: не содржи глутен, вештачки ароми, бои и конзерванси, лактоза, квасец .

Употреба: земете една (1) капсула на ден, во тек на оброк. Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се