NATURES AID Витамин Д3, 5000 ИЕ, 60 таблети

NATURES AID Витамин Д3, 5000 ИЕ, 60 таблети
499,00 ден.
399,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048779C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

  • Витамин Д во висока концентрација
  • Не содржи глутен, лактоза, квасец, соја и млечни производи

Витаминот Д се произведува во телото во моментот кога Вашата кожа е изложена на сончева светлина, поради што овој витамин често се нарекува „Витамин на сонцето“. Сепак, се смета дека недостигот на витамин Д е еден од најчестите недостатоци во човечкото тело.

Витаминот Д се користи во многу важни процеси, вклучувајќи:

  • Поддршка за здрави коски и заби
  • Поддршка за нормална апсорпција и искористување на калциумот
  • Нормална функција на имунолошкиот  систем и обезбедување на здрав имунолошки одговор во состојби на инфекции, како настинка и грип.
  • При намалена отпорност на организмот, поради различни причини витамин Д3 влијае на зајакнување на имунитетот
  • Придонесува за нормална мускулна функција

Одобрени тврдења од ‘’EFSA’’:

  • Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција / искористување на калциумот и фосфорот
  • Витаминот Д придонесува за одржување на нормални коски, мускулна функција и заби
  • Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем
  • Витаминот Д има улога во процесот на поделба на клетките
  • Витаминот Д помага да се намали ризикот од пад поврзан со постурална нестабилност и мускулна слабост: Паѓањето претставува голем ризик за фрактури на коските кај мажи и жени постари од 60 години

За возрасни и деца над 16 годишна возраст. 

Пакување: 60 таблети

Содржина

Една (1) таблета содржи:  

    %ПДВ*
Витамин Д3 125 мкг (5000 ИЕ) 2500

*препорачано дневно внесување

Состојки: Д-калциум фосфат, микрокристална целулоза, витамин Д3 (холекалциферол), средство против згрутчување (силициум диоксид, магнезиум стеарат од растително потекло), натриум карбоксиметилцелулоза.

Употреба: по една (1) таблета на ден во тек на оброк. Производот е наменет за лица над 16 годишна возраст.

Бремените жени и доилките треба да се консултираат со лекар пред употреба на производот.

Производот не треба да се користи како замена на разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот.

Не содржи ГМО, вештачки бои, вештачки ароми, млечни производи, лактоза, глутен, пченица, квасец, јатки, сол, соја, скроб и шеќер.

Информации за алергени:
Не содржи вештачки ароми, бои и конзерванси.
Производот е погоден за вегетаријанци.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се