NOVALAC 2 Млечна формула (6-12 м) 400 г

NOVALAC 2 Млечна формула (6-12 м) 400 г
513,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052554C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Novalac 2 е млечна формула наменета за доенчиња постари од 6 месеци. Претставува дел од разновидната исхрана која во првите 6 месеци не треба да се употребува како замена за мајчино млеко. Наменета е за надополнување на исхраната доколку доењето не е доволно. Одлуката за започнување со употреба на разновидна  исхрана, вклучително и секој исклучок до 6 месечна возраст, треба да се донесе по препорака на стручни лица од областа на медицина, фармација, нутриционисти или други стручни лица задолжени да се грижат за мајката и детето, замајќи ги во предвид индивидуалните потреби за возраста и развојот на доенчето.

  • Со витамини и минерали
  • Со омега 3&6

Novalac 2 е дел од широката палета на производи кои се посебно прилагодени за задоволување на нутритивните потреби на доенчиња. После 12 месечна возраст препорачуваме преминување на Novalac 3 Junior, последователна млечна формула за мали деца.

Пакување: 400 г

Содржина

Употреба

Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac 2:

Возраст (месеци)

6-12

Број на оброци/ден

3*

Број на мерици за подготвување на еден оброк

7

Количина на вода (мл)

210

До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,3 гр млечна формула Novalac 2.
Една доза растворете во 30 мл вода.

* како дел од разновидната исхрана

ПРЕД ПОДГОТОВКА НА СЕКОЈ ОБРОК ИЗМИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ.

  1. Шишенцето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Нека вријат барем 5 минути.

  2. Водата за припремање на оброкот превријте ја во покриен сад. Нека врие барем 5 минути.

  3. Водата во садот оладете ја до 40°C и ставете ја во шишенцето.

  4. Во шишето ставете го препорачаниот број на мерици млеко.

  5. Шишенцето затворете го и добро измешајте за прашакот потполно да се раствори.

  6. Подготвениот оброк оладете го да стане млак (37°C) односно додека на кожата не осетите ни топло ни ладно.

Предупредување: Mајчиното млеко е најдобрата храна за дооенчиња. Млечните формули се употребуваат само по препорака на стручно лице од областа на медицината, фармацијата, исхраната или друго стручно лице кое е одговорно за грижа на мајката и детето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се