NOVALAC IT Млечна формула (0-36 месеци), 400 г

NOVALAC IT Млечна формула (0-36 месеци), 400 г
697,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Атрибути
Шифра
052639C
favorite_border

Опис на производот

Novalac IT млечната формула е прилагодена за доенчиња со запек од раѓање до 36 месеци, ако мајките не ги дојат. Novalac IT ги задоволува сите нутритивни потреби за доенчиња до 6 месеци, а за доенчиња постари од 6 месеци е дел од разновидната исхрана.

Кај доенчињата со запек во исхраната се препорачува употреба на млечна формула Novalac IT.

Novalac IT е единствена млечна формула со зголемена количина на лактоза и магнезиум за полесно празнење на цревата и спречување на запек кај доенчиња.

Зголемената количина на лактоза има двојно дејство: привлекува вода во дебелото црево и на тој начин ја омекнува столицата, а истовремено има пребиотски ефект, бидејќи како храна за корисните бактерии во цревата го забрзува нивното размножување и со тоа го зголемува волуменот на столицата.

Покрај тоа Novalac IT има зголемена количина на магнезиум кој привлекува вода и со тоа ја омекнува столицата, го зголемува волуменот на столицата и влијае на перисталтиката на цревата и со тоа се овозможува често и лесно празнење на цревата.

Млечната формула Novalac IT ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата, бидејќи е збогатена со железо, содржи оптимална количина на масти и протеини и ги обезбедува важните аминокиселини, минерали и витамини.

Novalac IT е дел од големата група на посебно прилагодени производи за доенчиња со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет.

Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна, не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.

За кого е наменета Novalac IT?

  • Доенчиња кои често имаат тврда столица

  • Доенчиња кои имаат столица помалку од два пати неделно

  • Доенчиња со запек

  • Доенчиња со отежнато празнење на цревата (плачат и силно се напнуваат)

  • Доенчиња од раѓање до 36 месеци

Пакување: 400 г

Содржина

Употреба

Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac IT:

Возраст (месеци)

0-1

1-2

2-4

4-6

6-12

12-36

Број на оброци/ден

6

5

5

4

3*

2*

Број на мерици за подготвување на еден оброк

3

4

5

7

7

8

Количина на вода (мл)

90

120

150

210

210

240

До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,3 г млечна формула Novalac IT.
Една доза растворете во 30 мл вода.

*како дел од разновидната исхрана

ПРЕД ПОДГОТОВКА НА СЕКОЈ ОБРОК ИЗМИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ

Предупредување

Mајчиното млеко е најдобрата храна за дооенчиња. Млечните формули се употребуваат само по препорака на стручно лице од областа на медицината, фармацијата, исхраната или друго стручно лице кое е одговорно за грижа на мајката и детето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се