OMISAN Аловис капки за очи 10 мл

OMISAN Аловис капки за очи 10 мл
299,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
051345C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Стерилен, хидратантен и лубрификантен офталмолошки раствор, гел со хијалуронска киселина 0.3% и алое вера. Лубрифицира и хидрира при состојби на суви очи и чувствителност предизвикана од страни тела.

Може да се користи при истовремена употреба на контактни леќи.

Производот нема влијание при истовремен хомеопатски третман.

Производот не содржи: тимеросал и бензалкониум хлорид.

Сертифицирани според сите најнови европски норми и Iso стандарди, нивното производство се карактеризира со континуирана контрола на квалитетот и безбедност на крајниот производ и биокомпатибилност. (Сертификација за ознака CE, ISO13485, BRC).

Пакување: 10 мл

Содржина

Состав: алое вера гел, натриум хијалуронат 0.3%, динатриум EDTA, изотоничен бафер раствор pH 7.2.

Употреба: Капнете по неколку капки во окото, два до три пати на ден или по потреба. При истовремена употреба на контактни леќи капнете 2-3 капки на леќите пред или по апликација на леќите.

Целната популација дефинирана за овие производи е корисници и носители на контактни леќи, без оглед на возраста и полот.
Производот да се користи само по третата година од животот.

Предупредување: Ако дојде до појава на иритаци, прекинете ја употребата на производот и веднаш контактирајте го Вашиот очен лекар. Да не се користи во случај на алергија на која било состојка во состав на производот. Добро затворете го шишенцето по секоја употреба. Не ја допирајте капалката до било каква површина, вклучително очите и рацете. Да се чува на температура од 5° до 35°С, заштитено од сончева светлина. Да се чува на места недостапни за деца. Производот не е наменет за пиење. Да не се користи по истек на датумот на употреба. Да се употребува до 90 дена по првото отварање. Стерилно до првото отварање.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се