ORJENA Synergy Trouble Reverse Крем за регенерација на кожата, 50 мл
Опис на производот
Orjena Reverse Synergy Trouble Cream Крем за регенерација на кожата.
- Високо концентриран крем кој помага во регенерација на кожата и отстранување на мртвите клетки, обезбедувајќи избалансирана и чиста кожа
- Eфикасен крем во отстранување на мртвите клетки од кожата и остатоците во порите, го враќа циклусот на регенерација на кожата во нормален циклус, помагајќи да се отстранат сите преостанати траги од проблеми со кожата
- Беспрекорен тон и текстура на кожата со комбинација на состојки кои помагаат во обновувањето на кожата
- Ја смирува проблематичната кожа и ги балансира маснотиите и влажноста во кожата
- Липосомална формула која ја помага апсорпцијата на кожата
- Богата текстура која природно се топи во кожата, давајќи освежувачки и хидрирачки финиш
Клучни состојки:
- 10,000 ppm Cicasome - Состојка за смирување на кожата, изолирана и прочистена од растителните клетки на младите листови од Centella asiatica. Патентираната технологија која се применува на Centella asiatica за да помогне добро да се апсорбира во кожата
- 1000 ppm Caffeine - Ја снабдува кожата со влажност, помага да се смири и помага во справувањето со надуеност на кожата
- Betaine - Хидратантна состојка која управува со рамнотежата на маснотијата и влажноста на грубата кожа
Тип на кожа: комбинирана, масна, чуствителна, проблематична кожа и кожа склона кон акни.
Пакување: 50 мл.
Содржина
Состојки: вода, дипропилен гликол, глицерин, глицерил стеарат ЅЕ, 1.2-хексанедиол, ниацинамид, цетеарил алкохол, карбомер, трометамин, бутилен гликол, аденозин, динатриум ЕДТА, кофеин, екстракт од азиска центела, глицерет-26, С12-14 алкет-12, полиглицерил-10 диизостеарат, натриум нафталенсулфонат, С12-13 алкет-9, екстракт од Lactococcus Ferment, екстракт од Bifida Ferment, лизат на фермент на лактобацил, етилхексилглицерин.
Употреба: Како последен чекор од рутината за нега на кожата, нанесете соодветна количина од кремот на кожата на лицето и нежно масирајте.
Мерки на претпазливост: При употреба на овој производ, доколку забележите некои од следниве симптоми, престанете со употреба и консултирајте се со дерматолог: осип, чешање, иритација или други алергиски реакции. Да не се употребува на кожа со рани. Да се чува подалеку од дофат на деца. Да се чува на места подалеку од топлина, ниски температури и директна сончева светлина. Во случај на контакт со очи, исплакнете темелно.
После првото отварање да се користи до 12 месеци.
