OTOSAN Фишеци за уши, 2 парчиња

Otosan Ear Care Cone  fiseci za usi
OTOSAN Фишеци за уши, 2 парчиња
314,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053442C
favorite_border

Опис на производот

OTOSAN® CONE Natural Care - Медицинско средство за нега на уво 

  • За возрасни и за деца над 3 годишна возраст
  • За еднократна употреба
  • Со специјален Comfy – апликатор за безбеден, удобен и ефикасен третман
  • Со пчелин восок и прополис
  • Клинички тестирано
  • Хипоалергенско

Otosan® Cone е медицински средство наменето за отстранување на прекумерната количина на ушна маст која може да предизвика симптоми како зуење, свирење, чувство на позадинска бучава, неизедначен притисок во ушите, намалување на слухот и чувство на “затнување на увото”.

Природен и испробан метод за хигиена и нега на уво.

Топлината која се создава со горење на Otosan® Cone, лесно навлегува во ушниот канал ја омекнува ушната маст создавајќи така наречен “ефект на оџак”.

Otosan® Cone ефикасно ја отстранува прекумерната количина на ушна маст која може да предизвика симптоми како зуење, свирење, чувство на позадинска бучава, неизедначен притисок во ушите, намалување на слухот и чувство на “ затнување на увото”.

Карактеристики 

  • Состојки: памук, парафин, пчелин восок, растителен стеарин, прополис
  • Еден конус има 4 заштитни дополнителни уреда
  • Клинички тестирано
  • Не е тестирано на животни
  • Со Comfy - апликатор за безбеден, удобен и ефикасен третман 
  • Потекло: 100% Италија
  • Прополис - при горење на конусот, прополисот во состав на производот испарува и нежно навлегува во ушниот канал 

Пакување: 2 Otosan конуси, заштитен диск, упатство за употреба, 2 Comfy - апликатора / кутија.

Содржина

Инструкции за употреба:

  1. Поставете го остриот дел од конусот во Comfy - апликаторот околу 1 сантиметар. Осигурајте се дека вториот Comfy – апликатор не е внатре во конусот. 

 

  1. Внесете го конусот во заштитниот диск (со сребрената страна свртена нагоре),  се додека не го допре прстенот за запирање на пламенот. Запалете го поширокиот дел од конусот. 

 

  1. Поставете ја главата на рамна површина. Поставете го конусот со Comfy - апликаторот во надворешнит дел од ушниот канал и држете го вертикално во тек на третманот. 

 

  1. Кога ќе дојде пламенот до прстенот за запирање на пламенот и ќе изгасне, отстранете го остатокот од конусот од увото и догаснете го во чаша вода. 

Повторете ја постапката на другото уво.  
Појавата на бела пареа од конусот во тек на третманот е нормална појава.

Предупредување
Чувајте го производот на ладно масто, заштитено од светлина, извори на топлина и влага. 
Да се чува на температура од -10 до 40°С. Да се користи на собна температура од 8 до 25°С. Поради создавање на отворен пламен во тек на употребата на производот, потребно е посебно внимание. Соодветно заштитете ги косата и лицето од пламенот. Третманот да се изведува само под надзор на возрасно лице. Немојте да го изведувате третманот во средина каде се присутни запалливи супстанции или предмети. Немојте да го изведувате третманот во случај на заболување на увото, неодамнешен оперативен зафат или алергија на состојките во состав на производот. Да не се користи кај деца под 3 годишна возраст. Пред употреба консултирајте се со специјалист за уво, нос и грло, кој ќе ви потврди дека нелагодностите што ги имате се како резултат на создавање на прекумерната количина на ушна маст, а не како резултат на некои заболувања на увото. Во случај на појава на било какви несакани дејства прекинете ја употребата на производот и контактирајте го вашиот лекар и носителот на решението за запишување во регистерот на медицински средства. Внимавајте да не ги проголтате составните делови на производот. Немојте да го употребувате производот за било која друга намена.   

Да се чува на места недостапни за деца. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се