OTOSAN Nasal Wash Комплет за чистење на носните патишта

Otosan Nasal Wash Practical Daily Wash Set of Sachets of Saline Solution and Bottle  komplet za cistenje nosni patista
OTOSAN Nasal Wash Комплет за чистење на носните патишта
749,00 ден.
637,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Акција
Шифра
053438C
favorite_border

Опис на производот

Otosan Nasal Wash Kit Practical Daily Wash Комплет за чистење на носните патишта е медицинско средство.

  • Комплет = шише + 30 кесички со 9 мг хијалуронска киселина
  • Практично секојдневно чистење на носните патишта
  • Ослободува од симптоми при алергија, настинка и синузитис
  • Производот не содржи конзерванси и состојки со карактеристики на лек
  • Шишето не содржи латекс
  • Производот е наменет за возрасни и деца над 6 години

Производ наменет за чистење на слузокожата на носот со отстранување на прекумерната количина на слуз, алергени и загадувачи од воздухот. Спречува понатамошна контаминација и го олеснува дишењето.

Производот за назална иригација е корисен при третман на следните состојби:

  • Затнат нос
  • Алергиски ринитис
  • Акутен и хроничен синузитис
  • Пред и постоперативен третман
  • Хипертрофичен ринитис за време на бременост
  • Ноќно рчење
  • Престој во сува или загадена средина
  • Изложување на дејството од испарувачи и иритирачки средста

Кесичките содржат хијалуронска киселина која има смирувачки и хидратантни карактеристики.

Пакување: шише за назална иригација + 30 кесички x 2.84 г прашок за раствор.

 

Најчесто поставувани прашања

Кои се придобивките од назалната иригација?

Ефикасното отстранување на прекумерната колична на слуз, крусти и грутки од носните патиша придонесува за олеснување на симптомите при алергии, настинки, синузитис и постоперативен третман, овозможува полесно дишење и подобрување на квалитетот на спиењето. Секојдневната употреба придонесува за отстранување на алергените и честичките од прав насобрани во тек на денот и го подобрува мукоцилијарниот механизам на дејство. 

Колку пати на ден треба да се прави назална иригација?

Се препорачува назална иригација со раствор од по една кесичка прашок, два пати на ден, наутро и навечер. Назална иригација со раствор од по две кесички прашок (хипертоничен раствор) се препорачува два пати на ден, во тек на максимум 10 дена. 

Колку кесички прашок треба да се растворат во 240 мл вода?

Со растворање на една кесичка прашок се добива изотоничен раствор за нос (1.1%); со растворање на две кесички прашок се добива хипертоничен раствор за нос (2.2%).

  • *Кога треба да раствориме една кесичка?
    • Употреба на изотоничен раствор се препорачува при секојдневно чистење на носните патишта и при состојби на алергиски ринитис, синузитис, настинки и ноќно ‘рчење
  • *Кога треба да раствориме две кесички?
    • Во случај на тешка назална конгестија (затнат нос), хроничен синузитис и постоперативен третман

Дали третманот на назална иригација е погоден за бремени жени и за деца?

До моментот, состојки во состав на производот не покажале несакани дејства во тек на употребата во период на бременост или доење. Децата на возраст од 6 години и поголеми може да го користат производот под надзор на возрасно лице. За употреба кај деца под 6 годишна возраст задолжителна е консултација со лекар. 

Каква вода треба да се корисити за подготовка на растворот?

Користете предходно зовриена вода (минимум вриење во тек на 1 минута) или негазирана минерална вода. Температурата на водата треба да биде од 35-40ºС. 

Кои се корисните ефекти од присуството на хијалуронската киселина во состав на производот?

Оптимизација на ткивото, хидратација и формирање на заштитна бариера од надворешните фактори. Клиничките студии покажуваат и подобрување на мукоцилијарниот транспорт. 

Може ли постапката на назална иригација да се изведе само со вода?

Не – употребата на несолена вода може да ја оштети слузницата на носот. 

Дали може наместо раствор на Otosan Nasal Wash прашок, да се користи раствор на солена вода подготвен во домашни услови?

Не - не се препорачува. Мерењето на точната концентрација на сол и вода, не е едноставно. Поголема концентрација на сол, може да доведе до иритација. Дополнително натриум бикарбонатот и хијалуронската киселина имаат значајни корисни ефекти на слузокожата на носните патишта. 

Содржина

Состав на една кесичка: 2.84 г прашок за раствор за промивање нос (солен прашок збогатен со натриум бикарбонат и хијалуронска киселина 9 мг (0.35%). 

Употреба: Се препорачува употреба еднаш или два пати на ден. Пред употреба внимателно прочитајте го упатството за употреба!

Инструкции за употреба

  • Исплакнете темелно со топла проточна вода (без употреба на детергенти)
  • Наполнете го шишето со негазирана флаширана вода или претходно зовриена вода во тек на 1 минута
  • Температурата на водата треба да биде од 35-40ºС (ако е претопла оставете ја да се излади). Наполнете до означената линија
  • Растворете една или две кесички прашок (зависно од тоа дали сакате да добиете исотоничен или хипертоничен раствор) (Слика 1)
  • Добро протресете го шишето за да се раствори прашокот комплетно (Слика 2)
  • Наведнете ја главата лесно напред, над мијалникот. Држете го шишето исправено
  • Внесете го врвот на шишето во едната ноздра. Дишете со отворена уста (Слика 3)
  • Нежно притиснете ја базата на шишето. Растворот треба да навлезе во ноздрата и да излезе од другата ноздра. За целото време дишете со отворена уста
  • По завршување на постапката останете уште некое време наведнати
  • Повторете ја постапката за другата ноздра
  • Нежно издувајте го носот (Слика 4)
  • Исплакнете го шишето уште еднаш, како што е опишано погоре
  • Препорачуваме да го замените шишето со ново по 3 месеци употреба

Otosan Nasal Wash Kit Practical Daily Wash

Предупредување: Консултирајте се со вашиот лекар пред употреба на производот, ако имате комплетно затнат нос или имате инфакција на уво, или неодамна сте имале оперативен зафат. Ако при употребата почувствувате било каква нелагодност или болка во носот или увото, веднаш престанете со употребата на производот и консултирајте се со вашиот лекар. Немојте да користите врела вода. Немојте да го користите прозводот ако ви е оштетена слузокожата. При подготовка на растворот користете само вода. Подгответе го растворот само со прашокот даден во пакувањето. Да не се употребаува во случај на позната пречувствителност на било која од состојките во состав на производот. Немојте да го користите производот за било која друга намена, освен за онаа која е специфично наведена од страна на производителот во овие инструкции за употреба. Нема податоци за познати контраиндикации при употреба на производот, Otosan Nasal Wash за време на бременост и доење. Консултирајте се со вашиот лекар при употреба на било кој производ. Употребата на производот кај деца над 6 години треба да биде само под надзор на возрасно лице. Да не се користи кај деца под 6 годишна возраст, без консултација на лекар. Да не се користи по истекување на рокот на употреба. Користете го само шишето што се наоѓа во пакувањето на овој производ. Консултирајте се со вашиот лекар ако истовремено користите други лекови или медицински средства. 
Користете едно шише за едно лице. Ако дојде до појава на било какви несакани дејства прекинете ја употребата на производот и информирајте го вашиот лекар. 
 

Да се чува на собна температура, на суво место, заштитено од сончева светлина, на температура од 0-35ºС. Да се чува на места недостапни за деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се