OTOSAN Спреј за уво, 50 мл

Otosan Spray For ear sprej za usi
OTOSAN Спреј за уво, 50 мл
364,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053437C
favorite_border

Опис на производот

Otosan® спрејот содржи органски растителни екстракти кои имаат нежно, но ефикасно дејство за чистење на ушниот канал односно отстранување на прекумерната количина на ушна маст и со тоа одржување на здравјето на ушите.

Редовна употреба ја спречува акумулацијата на прекумерна количина на ушна маст.

  • За возрасни и за деца над 3 годишна возраст (3+)
  • Изотоничен раствор за елиминација на прекумерна количина на ушна маст и длабинско чистење на увото
  • 5 Органски БИО екстракти - алое, слез, невен, камилица и лимон
  • Со алое вера, невен, камилица, лимон и слез
  • Погодно за вегани
  • Еко спреј без пропелант гас
  • Со алое и чајно дрво
  • Без вештачки бои и конзерванси, кои гарантираат максимално ниво на толеранција

Состојби за кои е наменет производот:

  • Прекумерна количина на ушна маст, чувство на губење на слухот, зуење, свирење, тинитус, слушање звуци во позадина, чувство на затнато уво.

Пакување: 50 мл.

Што е ушна маст?

Ушната маст (церумен) е супстанција која се излачува од церуменските и лојните жлезди во ушниот канал. Има функција во заштита и постојана лубрификација и хидратација на ушниот канал со цел одржување на наговата физиолошка функција. Присуството на ушната маст го оневозможува навлегувањето на надворешните загадувачи и прав. Со невидливи придвижувања на кожата, ушната маст се придвижува кон надворешниот отвор на увото. 

Зошто понекогаш ушната маст може да ни направи проблем?

Кога лојните жлезди ќе создадат пркумерна количина на ушна маст или имаме состојби со несоодветна лубрификација на ушниот канал, природните механизми за чистење се блокираат и отстранувањето на прекумерната количина на ушна маст е отежнато или оневозможено.

Дополнително ако навлезе вода во ушниот канал, ќе доведе до нараснување на ушната маст и со тоа блокирање на ушниот канал. Ова доведува до состојба на “затнување на увото” која се манифестира со симптоми на иритација, губење на слухот, свирење и зуење во увото, болка и понекогаш вртоглавица. Во такви случаи употребата на некои средства за отстранување на ушната маст, како чепкалки за уши може да биде несоодветно бидејќи со нив ушната маст се турка подлабоко во ушниот канал со што се зголемува ризикот ситуацијата уште повеќе да се влоши.

Кој е најчесто засегнат со ваков проблем? 

  • Даца 

Често се случува церуменските жлезди кај децата да бидат поактивни и да произведуваат поголема количина на ушна маст, што може да доведе до “затнување на увото”.  

  • Постари лица 

Со зголемување на возраста се намалува активноста на жлездите и се создава ушна маст која е посува, па така се отежнува нејзиното придвижување кон надворешниот дел на увото и истата се акумулира во ушниот канал. 

  • Лица кои користат помагала за слушање 

Лица кои користат помагала за слушање имаат поголеми потешкотии во одржување на хигиената на ушиот канал. 

  • Пливање и нуркање

Навлегувањето на водата во ушниот канал доведува до нараснување на ушната маст до степен, кој може да предизвика блокирање на ушниот канал

  • Патување со авион и престој на високи планини 

Поради промената на притисокот во увото, кај овие лица се јавуваат нелагодности кои се потенцирани ако има дополнително “затнување на увото”.  

Како да превенираме присуство на прекумерна количина на ушна маст? 
Употребата на Otosan® Spray е ефикасен метод на отстранување и воедно превенција од создавање на прекумерна количина на ушна маст.

Содржина

Состав:

  • Активни состојки: вода, Calendula Officinalis екстракт од цвет*, Chamomilla Recutita екстракт од цвет*, Melaleuca Alternifolia масло, Citrus Medica Limonum екстракт од кора*, Malva Sylvestrs екстракт од лист*, Aloe Barbadensis екстракт од лист*, натриум хлорид, алергени: лимонене 0.004%.

*биолошко/органско потекло

Пред употреба внимателно прочитајте го упатството за употреба!
Да се чува на температура од 0 до 35°С, на суво место заштитено од сончева светлина.  Да се чува на места недостапни за деца. 
 

Предупредување:

Користете на собна температура (од 20 до 25°С). Немојте да го изложувате контејнерот на извори на топлина. Немојте да го употребувате производот ако имате оштетување или повреда на ушното тапанче или на ушниот канал, било каква медицинска состојба на увото, после неодамнешна хируршка интервенција или во случај на алергија на која било од состојките на производот. Да се чува на места недостапни за деца. Производот не е наменет за деца под 36 месечна возраст. Избегнувајте контакт со очите. Внимавајте да не голтнете од производот. Да не се употребува ако кожата на ушниот канал е оштетена. Немојте да го користите производот за било која друга намена, освен за онаа која е специфично наведена од страна на производителот во овие инструкции за употреба. Да не се употребува по истекување на датумот на рокот на употреба. Ако истовремено употребувате други лекови или медицински средства, консултирајте се со вашиот лекар. 

Употреба:
Otosan® Spray е наменет за одржување на хигиена на ушите и превенција од насобирање на ушна маст. Се препорачува употреба еднаш на ден (да не се користи во тек на повеќе од 30 последователни дена).

 
 

Начин на употреба:
1.    Држете ја главата исправено внесете го распрскувачот на Otosan® Spray во увото така што распрскувачот да биде во контакт со ушниот канал. Притиснете неколку пати на капачето на спреј контејнерот. Спреј контјнерот треба да го држите во исправена положба.  
2.    Почекајте неколку минути, да почне да делува Otosan® Spray. Наведнете ја главата на страната на увото кое го чистите, за да истече вишокот од растворот. Исчистете го нежно увото со марамче.
3.    Повторете ја постапката на другото уво. 
Исчистете го распрскувачот со топла вода, после секоја употреба. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се