PHARMANOVA Утидрај, 30 капсули

PHARMANOVA Утидрај, 30 капсули
647,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
051373C
favorite_border

Опис на производот

Утидрај - поддршка за правилно функционирање на мокрачните патишта:

  • Бешиката (мочен меур)
  • Долниот уринарен тракт

Утидрај e природен препарат чијшто единствен состав од билни екстракти со стандардизиран квалитет обезбедува поддршка на правилното функционирање на бешиката и долниот уринарен тракт кај жените, во смисла на одржување контрола на мокрењето. Производот содржи екстракт од семе од тиква и изофлавони од соино семе.

Научните испитувања потврдиле дека мешавината од сув екстракт од семе од тиква и изофлавони од соино семе може да помогне во одржување на здравјето на долниот уринарен тракт кај жените, така што се препорачува на жени кои имаат проблеми во одржувањето контрола на мокрењето.

Изофлавонот генистеин влијае врз намалувањето на активноста и згртчувањето на мускулите на бешиката, додека вкупните изофлавони можат да ја подобрат синтезата на колагенот и така да ја намалат слабоста на органите на долниот уринарен тракт. Активните компоненти од семето од тиква можат да ги зајакнат мускулите на дното на карлицата.

Проблемите во одржување контрола на мокрењето се изразуваат со појава на зачестено или неволно мокрење, коешто може да се разликува по својот интензитет, а на кое вообичаено му претходи ненадејна ургентна потреба за празнење на бешиката. Некогаш оваа потреба е иницирана во услови на физички напор, кревање на тежок товар или кашлање. 
Наведените тегоби означуваат состојба наречена уринарна инконтиненција, којашто е почеста кај женската популација.

Пакување: 30 капсули

Содржина

Состав: една капсула содржи:

DropsordryTM (стандардизирана мешавина на сув екстракт од семе од тиква, Cucurbita pepo и изафлавон од соино семе, Glycine Max со минимум 4,5 % изофлавон и минимум 1,75 % ентеродиол)  500 мг
Изофлавон 22,5 мг
Ентеродиол 8,75 мг

Употреба:
Жени постари од 18 години: два пати дневно по една капсула првите четири недели, потоа една капсула дневно во наредните 20 недели.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се