PHARMAVITAL Immune Orthoprotect, 30 еднодозни кесички
Опис на производот
Pharmavital Immune Orthoprotect е граничен производ кој претставува балансирана комбинација на витамини, минерали и помошни состојки од растително потекло.
- Достапен во гранули по чие растворање се добива раствор со арома на грејпфрут
Придобивки од употребата на IMMUNE ORTHOPROTECT
- Железото, бакарот и витамините Б6, Б12 и Ц придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем и нормален енергетски метаболизам
- Биотинот, ниацинот и витамините Б1, Б6, Б12 и Ц придонесуваат за нормална психолошка функција и за нормална функција на нервниот систем
- Бакарот, манганот, селенот, витаминот Ц и цинкот придонесуваат за заштитата на клетките од оксидативен стрес
- Железото, фолатите, ниацинот, пантотенската киселина и витамините Б2, Б6, Б12 и Ц придонесуваат во намалување на заморот и исцрпеноста
- Манганот, витаминот К и цинкот придонесуваат за одржување на нормални коски
- Биотинот, јодот, ниацинот, цинкот и витамините А и Б2 придонесуваат за одржување на нормална кожа
- Цинкот и витамините А и Б2 придонесуваат во одржување на нормален вид
- Селенот и цинкот придонесуваат за одржување на нормална коса и нокти
Пакување: 30 еднодозни кесички.
Производител: Alphacaps GmbH Ostring 10 D-32832 Augustdorf, Германија за PharmaVital GmbH Saime Geng Ring 14 D 53121 Bonn, Германија.
Содржина
Состав:
| Активни состојки | Во 100 г | %ПДВ** |
| Витамин Ц | 650 мг | 813 |
| Витамин Б1 | 20.0 мг | 1818 |
| Витамин Б2 | 20.0 мг | 1429 |
| Витамин Б6 | 15.0 мг | 1071 |
| Витамин Б12 | 8.0 мкг | 320 |
| Витамин А | 400 мкг | 50 |
| Витамин Е | 100 мг | 833 |
| Ниацин | 20.0 мг | 125 |
| Биотин | 150 мкг | 300 |
| Пантотенска киселина | 12.0 мг | 200 |
| Фолна киселина | 800 мкг | 400 |
| Витамин Д3 | 20.0 мкг | 400 |
| Витамин К1 | 40.0 мкг | 53 |
| Железо | 5.0 мг | 36 |
| Цинк | 10.0 мг | 100 |
| Бакар | 0.50 мг | 50 |
| Селен | 50.0 мкг | 91 |
| Јод | 100 мкг | 67 |
| Манган | 2.0 мг | 100 |
| Молибден | 60.0 мкг | 120 |
| Хром | 30.0 мкг | 75 |
**препорачано дневно внесување, препорачана дневна доза 10 г гранули во 150-200 мл вода
Состојки: шеќер, лимонска киселина, Л-аскорбинска киселина, ДЛ-алфа-токоферил ацетат, арома (содржи млеко и млечни производи), боја (прехранбен сок од цвекло во прав), природна арома, засладувачи (аспартам, ацесулфам К), рибофлавин-5-фосфат натриум, тиамин мононитрат, никотинамид, пиридоксин хидрохлорид, железен 2 сулфат, екстракт од цвет од невен, Д-пантотенат калциум, цинк оксид, биофлавоноиди од цитрус, манган-2-сулфат, екстракт од домат, бета каротен, бакар глуконат, ретинил ацетат, хром-3-хлорид, калиум јодид, птероилмоноглутаминска киселина, Д-биотин, натриум молибдат, натриум селенит, филокинон, холекалциферол, цијанокобаламин.
Производот содржи засладувач.
Употреба: Растворете една дневна доза (10 г гранули) во 150-200 мл вода и земете ја во тек на оброк.
Мерки на претпазливост: Немојте да го употребувате граничниот производ Pharmavital IMMUNE ORTHOPROTECT во случај на пречувствителност на било која состојка во состав на производот. Земајте го граничниот производ во согласност со упатството за употреба. Да не се надминува препорачаната дневна доза суплементи. Производот не треба да се користи како замена за разновидна исхрана и за здрав начин на живот. Ако сте бремени или доите консултирајте се со лекар пред употреба. Ако земате лекови, консултирајте го вашиот лекар пред употреба на производот. Да се чува на места недостапни за мали деца. Да се чува на суво место, на температура до 25°C. Да се употребува до крај на датумот наведен на пакувањето.
Производот содржи јод. Ако имате нарушена функција на тироидна жлезда (хипертироидизам), Ве молиме да се консултирате со Вашиот лекар пред употреба на прoизводот.