PHARMAVITAL Коензим Q10 100 мг, 30 капсули

PHARMAVITAL Коензим Q10 100 мг, 30 капсули
510,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
049256C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Коензим Q10 капсулите на PharmaVital содржат 100 мг високо квалитетен Коензим Q10.

Коензим Q10 е состојка присутна во сите клетки на организмот, поради што е позната под името Ubiquinone (Lat. Ubique = сеприсутност).

Коензимот Q10 е есенцијално соединение што се раствора во масти, слично како и витамините, а кога станува збор за човековиот организам, најмногу е концентриран во срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот. Q10 во нивните клетки генерира енергија и поради тоа, физиолошката способност на овие органи зависи од доволното количество на ова соединение. До триесеттата година од животот телото го лачи овој коензим во доволно количество, но со стареењето, организмот ја губи способноста да го синтетизира (и тоа дури до 80%).

Поради тоа, е неопходно овој антиоксиданс да се внесува преку храната, или преку суплементи. Недостатокот од Q10 води до нарушување на енергетската рамнотежа, а и до разни функционални нарушувања (слабеење на срцевиот мускул, хипертензија и друго), кои се јавуваат при негова намалена концентрација во организмот.

Природен извор на коензим Q10 се скушата, лососот, сардината. Меѓутоа, еднообразната исхрана, изложеноста на стрес, разните болести и долгиот животен век имаат потреба коензимот Q10 да биде застапен во секојдневната исхрана. Може да има разни причини кои водат до недостаток од коензим Q10 во организмот.

Намалената концентрација и недостатокот од коензимот Q10 може да се појави и како несакана појава од некои лекови што се користат како терапија за намалување на холестеролот, за коронарни болести и против превенција од мозочен удар, затоа што тие ја запираат и синтезата на коензимот Q10.

Освен што претставува силен антиоксиданс, кој ги штити клетките од оштетување, коензимот Q10 има значајна улога и во клеточната биоенергија која е важна за животот и за опстанокот на клетките. Тој е концентриран во митохондриите (клеточни органели кои се задолжени за метаболизмот), помага храната да се претвори во клеточна енергија. На срцето и нервниот систем им се потребни поголеми количини на енергија за да може ефикасно да функционираат и затоа е препорачана поголема количина од Q10.

Некои истражувања покажале дека коензимот Q10, преку крвта го превземаат сите ткива, посебно митохондриите од срцето и од мозокот. Од друга страна пак, концентрација на коензимот Q10 е намалена при кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и при невродегенеративни заболувања. Истражувањата покажале дека коензимот Q10 е многу значаен во третманот против високиот крвен притисок. Освен тоа ова соединенија го штити желудникот и дванаесетпалечното црево.

Коензимот Q10 (CoQ10) може да допринесе за:

  • Зголемување на продукцијата на клеточна енергија и во заштитa на срцевиот мускул од негативните ефекти предизвикани од стареењето

  • Засилување на дејството на другите антиоксидантни витамини, како А, Ц и Е

  • Зајакнување на имунолошкиот систем и поволно делува врз срцево-садовната и церебралната циркулација

  • Подобрување на психо-физичката состојба кај хроничните болни

  • Намалување на ЛДЛ холестеролот и неговото таложење во крвните садови со што ги намалува артериосклеротичните промени

  • Намалување на физичките ефекти предизвикани од стареењето, ја храни кожата, ја одржува нејзината еластичност и ги намалува брчките

  • Зголемување на издржливоста и силата, ги подобрува атлетските перформанси и го забрзува опоравувањето по напорни тренинзи и физички вежби.

Денес, коензимот Q10 често се применува во терапијата на синдромот на хроничен замор од непознато потекло, кој не е предизвикан од некоја физичка активност, а често се појавува и во состојба на мирување. Исто така, тој е вклучен и во терапијата кај пациенти со срцеви заболувања. Q10 како додаток во стандардното лекување, може да го подобри здравјето на срцето, да ја зголеми физичката способност и позитивно да влијае врз квалитетот на живот.

Пакување: 30 капсули

Содржина

Состав: Една (1) капсула содржи:

Ко ензим Q10 100 мг

Употреба: Се препорачува по една (1) капсула на ден, со доволна количина на течност.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се