PHARMAVITAL Тест за бременост

PHARMAVITAL Тест за бременост
137,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
028961C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Тест за рано откривање на бременост.

Tестот за рано откривање на бременост е лесен за употреба. Го детектира присуството на хормонот hCG (Human chorionic gonadotropin), што се појавува во урината уште во најраниот период од бременоста. Ин-витро дијагностичко средство само-тестирање. Само за надворешна употреба.

Tестот за рано откривање на бременост покажува точност од > 99% уште од првиот ден од доцнењето на менструалниот циклус.

Пакување: 1 тест

Содржина

Како да го направите тестот?

Тестирањето може да се направи во било кое време од денот. Но се препорачува тестирање на првата утринската урина која вообичаено содржи најголема концентрацијата на hCG хормонот.

Отворете ја фолијата со кинење на горниот дел и извадете го тестот. Фрлете го десикантот и фолијата. Извадете го капачето. Држете го стапчето со врвот свртено надоле.

Ставете го цел долен дел вертикално во садот со урината (околу 5 секунди) или поставете го под млаз на урина се додека не е целосно мокар (околу 5 секунди). Не мокрете над стрелката или на прозорчето. Поставете го стапчето на рамна површина со прозорчето на горната страна и чекајте да се појават линии.

Прочитајте ги резултатите по 3 минути. Не ги читајте резултатите по повеќе од 5 минути бидејќи може да се променат или да се неверодостојни.

Толкување на резултатите

Позитивни резултати (бремена): две обоени линии се видливи на мембраната, една во контролната зона (С) и една во тест зоната (Т). Контактирајте го својот лекар и информирајте го за резултатите од тестот. Тој треба да ја потврди бременоста преку клинички и лабораториски наоди.

Под посебни услови тестот може да даде погрешен резултат (види дел “Ограничувања”). За сите информации и совети за бременоста обратете се кај Вашиот лекар.

Негативни резултати (не сте бремени): една обоена линија е видлива на мембраната во контролната зона (С). Резултатот укажува дека нивото на хормонот hCG во примерокот е под границата на чувствителност на тестот (<10 mlU/ml) и   најверојатно не настанало зачнување.

Доколку се сомневате дека сте бремени и покрај резултатот (на пр. отсуство на менструација) повторете го тестирањето во текот на следните денови. Доколку тестот сеуште дава негативни резултати консултирајте се со Вашиот лекар (види дел “Ограничувања”).

Погрешни резултати: линијата во контролната зона (С) покажува дека тестот е направен правилно, без оглед на бременост или не. Доколку нема видливи обоени линии или доколку само една обоена линија е видлива во тест зоната (Т), резултатот не е валиден. Во овој случај може не се следени соодветните упатства за употреба. Повторно направете го тестот со нов PHARMAVITAL тест за ранооткривање на бременост.

 Позитивен           Невалиден

(Бремена)

Негативен            Невалиден

(Не сте бремена)

С = Контролна зона

Т = Тест зона

Забелешка: интензитетот на бојата или ширината на линиите немаат никакво значење за резулатот. Варијациите во бојата на контролната линија не влијаат на резултатот. 

Ограничувања

Алкохолот може да влијае на резултатите од тестот. Не го користете тестот по прекумерно консумирање на алкохол.

Ектопична бременост, оваријални цисти, менопауза и други заболувања (на пр. рак на дојката, рак на белите дробови) може да дадат погрешни тест резултати. Во случаи на високи концентрации на hCG (>500,000 млУ/мл) може да биде прикажан лажно негативен резултат (прозонски ефект). Доколку урината е премногу разредена (т.е. ниска специфична тежина) примерокот може да не содржи доволно ниво на hCG. Затоа избегнувајте внесување на големи количини течност пред тестирање.

Лековите за зголемување на плодноста кои содржат hCG може да дадат погрешен резултат (овие лекови обично се инјектираат и може да дадат лажно позитивен тест кратко време по инјектирањето).

Други терапии за зголемување на плодноста (на пр. кломифен цитрат), аналгетици и хормонални контрацептиви не бе требало да влијаат на резултатот од тестот.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се