PICO Бронктус јуниор сируп, 120 мл

PICO Бронктус јуниор сируп, 120 мл
400,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
043986C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Pico Bronctuss Junior сирупот (за деца) помага:

  • За смирување на сува непродуктивна иритирачка кашлица пропратена со воспаление во грлото. При настинка, грип или вирусна инфекција - пропратени со кашлица кај децата
  • За искашлување –кога кашлицата е пропратена со зголемен бронхијален секрет помага во негово полесно исфрлање со разводнување на секретот,
  • Кај хроничен бронхитис, како додаток на стандардната терапија.

Пакување: 120 мл

Содржина

Состав

Активни состојки на производот Пико Бронктус Јуниор сирупот се Marsh mallow dry extract сув екстракт од бел слез, Yeast beta glucan – Бета глукан од квасец, Plaintain fluid extract – течен екстракт од тегавец.

Сув екстракт од бел слез - поволно дејствува при воспалитени промени на органите за дишење, ја ублажува сувата и иритирачка кашлица, ја омекнува мукозата на трахејата и бронхиите и поволно влијае на нивното оздравување. Коренот од бел слез содржи слузави материи кои всушност се главни активни компоненти, но и други компоненти кои имаат противвоспалително дејство.

Бета глукан од  квасец - делува како имуномодулатор, што значи дека активира последователни  настани кои ја поттикнуваат работата на имунолошкиот систем и така го прават поефикасен. Бета глуканот ја активира активноста на макрофагите, сестрани имунолошки клетки кои ги уништуваат патогените и ги поттикнуваат другите имунолошки клетки на одбрана на организмот. Освен тоа, бета глуканот ги стимулира и белите крвни зрнца (лимфоцитите) кои се врзуваат за туморите или вирусите и ефикасно го уништуваат.

Течен екстракт од тегавец - се употребува при воспаленија и заболувања на дишните патишта  кај деца. Се користи за симптоматски третман на иритации на устата или грлото придружени со сува кашлица. Екстрактот од тегавец е препознатлив и по својата превентивна моќ, и тегавецот е незаменлив во сезони на настинки и вирози.

Употреба

Сирупот е наменет за употреба кај деца на возраст над 3 години.

Препорачаната доза изнесува 5-10 мл на ден.

Шишето добро да се протресе пред употреба.

Да не се надминува дневната препорачана доза.

Сирупот не се препорачува за употреба во текот на бременоста и периодот на доење.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се