PJ PHARMA Balatus Сируп против кашлица, 150 мл

Farmaimpresa Italija Balatus sirup
PJ PHARMA Balatus Сируп против кашлица, 150 мл
601,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
055981C
favorite_border

Опис на производот

Farmaimpresa Balatus Сирупот е медицинско средство кое помага во третман на симптоми на кашлица.

  • За продуктивна и за сува кашлица

Со BALA COMPLEX®

  • Иновативна комбинација на екстракт од слуз на полжав и хијалуронска киселина
  • Bala Complex® создава заштитена филм обвивка со „бариерен ефект“, ја смирува кашлицата и делува протективно на горните респираторни патишта
  • BALATUS е специјално формулиран производ кој помога во елиминација на прекумерната содржина на слуз, се врзува за слузокожата и притоа го ограничува нејзиниот контакт со надрворешните иритрачки агенси
  • Делува хидратантно, ја подобрува еластичноста и ја намалува чувствителноста на слузокожата на иритации
  • Производот е наменет за возрасни и за деца од 3 години

Пакување: 150 мл.

Производител: Gruppo Farmaimpresa srl Via Cipro 1-25124 Brescia Италија. 

 

Содржина

Состојки: Bala Complex® (комплекс од слуз на полжав, хијалуронска киселина со ниска и со висока молекуларна тежина, циклодекстрини), исландски лишај сув екстракт, натриум алгинат, есенцијално масло од евкалиптус, есенцијално масло од мајчина душица, фруктоза, вода, Millefiori мед, калиум сорбат, натриум бензоат, лимонска киселина. 

Начин на употреба: Добро протресете пред употреба. 
Возрасни: 15 мл два пати на ден или по препорака на лекар. 
Деца од 3 годишна возраст: 10 мл два пати на ден или по препорака на лекар.
По секоја употреба исплакнете ја темелно мерната чашка. 

Предупредување:

Да се чува на места недостапни за деца. Чувајте го производот добро затворен на места заштитени од сончева светлина и извори на топлина. Избегнувајте контакт со очи. Да не се користи по истек на рокот на употреба наведен на пакувањето. Рокот на употреба се однесува на неотворен и соодветно чуван производ. Употребата на производот кај бремени жени и доилки треба да се ограничи само за состојби кога е сторго неопходен и под надзор на лекар. Да не се користи во случај на пречувствителност на состојките на производот. Немојте да го земате производот истовремено со кватернерни амониумови соединенија. Ако истовремено земате други лекови или медицински средства, консултирајте се со вашиот лекар. Мерното капаче не смее да се користи кај повеќе од едно лице. Придржувајте се кон мерките за предупредување и инструкциите за употреба, во спротивно производ нема да биде ефикасен, симптомите кои ги имате може да се влошат или да дојде до појава на други симптоми. Производот не треба да се користи подолго од 30 последователни дена. Употребата на производот кај деца од 3 години, треба да биде во консултација со лекар. Производот содржи исландски лишај, не смее да се користи во случај на потврдена алергија на истиот. Во случај на иритација и алергија прекинете ја употребата на производот и веднаш контактирајте го вашиот лекар.

Да се чува на температура од 5-25°С. Да не се користи ако е оштетено пакувањето. По отварање може да се употребува во тек од 3 месеци.  

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се