PK BENELUX Уримил, 30 капсули

PK BENELUX Уримил, 30 капсули
650,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
047585C
favorite_border

Опис на производот

Уримил е додаток во исхраната што ја поддржува нормалната функција на периферниот нервен систем и обезбедува олеснување при пецкање и вкочанетост на рацете и на нозете. Создаден за да се грижи за половината, грбот и екстремитетите. Секоја капсула Уримил содржи оптимална комбинација од 6 основни хранливи материи што помагаат во регенерација на оштетените неврони.

Пакување: 30 капсули

Корисни информации:

Болка во половината, грбот или екстремитетите може да се должи на:

  • Повреди (пад, удар, дислокација и др.)
  • Хируршки операции
  • Воспалителни или заразни болести (грип, вирусни инфекции и др.)
  • Други заболувања (дегенеративни промени, стеснување на ‘рбетниот канал, спондилолистеза, остеопороза, блокади, проекциона болка при заболувања на внатрешните органи, онколошки заболувања, дијабетес, недостатоци во исхраната, токсични агенси и лекови)

Едни од најчестите заболувања на периферниот нервен систем се:

  • Ишијас
  • Лумбаго
  • Дископатија
  • Цервикален радикулит
  • Интеркостална невралгија
  • Плексити

Периферниот нервен систем (ПНС) е продолжение на централниот нервен систем (ЦНС), кој го сочинуваат мозокот и ‘рбетниот мозок. Главната функција на периферниот нервен систем е да го поврзе ЦНС со екстремитетите и со органите на телото. За разлика од ЦНС, ПНС не е заштитен со коскено ткиво (череп и ‘рбет) како што е случај со мозокот и ‘рбетниот мозок и е подложен на оштетување.

Нервните клетки се најмалите структурни единици на нервниот систем. Нивниот број е околу 100 милијарди, при што секој неврон е поврзан со најмалку 10.000 други. Невроните во нервниот систем варираат по форма и големина, но структурата им е слична. Невронот се состои од тело и продолжетоци. Едниот од продолжетоците, наречен аксон, е подолг од другите и е покриен однадвор со посебна миелинска обвивка, која игра улога на изолатор при пренесување на нервниот импулс. Преку аксонот, клетката испраќа информации до останатите клетки.

Содржина

Состав: една капсула содржи:

Уридин монофосфат 50 мг
Витамин Б3 (никотинамид) 10 мг
Витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид) 6 мг
Витамин Б1 (тиамин хидрохлорид) 4 мг
Фолна киселина 400 мкг
Витамин Б12 (цијанокобаламин) 10 мкг

 

Употреба: 1 капсула на ден.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се