PK BENELUX Уримил форте неуро, 7 лепенки

PK BENELUX Уримил форте неуро, 7 лепенки
735,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
050547C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Лепенките Уримил форте неуро се најновиот член на семејството Уримил – кое претставува цел спектар на научно формулирани производи препорачани од специјалисти за невропатска болка.

Тие се производ за локална примена и можат да се употребуваат и во акутни и во хронични состојби кои ги опфатаќаат нервите, мускулите, зглобовите и тетивите.

Лепенките Уримил форте неуро се изработени од неткаен материјал со биокомпатибилна, удобна и неиритирачка површина, натопена со синергистичка комбинација од 5 активни состојки:

  • Уридин монофосфат
  • Екстракт од арника (Arnica Montana)
  • Екстракт од ѓаволски нокт (Harpagophytum Procumbens)
  • Метилсулфонилметан (dimethyl sulfone)
  • Магнезиум (магнезиум хлорид)

Производот е создаден по технологија која обезбедува постепено ослободување на активните состојки во текот на 24 часа, насочени кон:

  • Намалување на воспалението
  • Стимулација на циркулацијата на крвта и процесите на опоравување
  • Обезбедување ефект на затоплување и подобрување на удобноста во погодената регија

Лепенките Уримил форте неуро можат да се употребуваат сами и/или во комбинација со Уримил гел, во тој случај двата производи взаемно го надополнуваат и го подобруваат нивниот ефект и добивате синергија од непосредното дејство на гелот и долготрајниот ефект на лепенките.

Нивната големина од 8 х 14 цм ги прави погодни за лепење на големи површини на телото како што се половината и грбот, а доколку се потребни за лекување на помала површина, лепенката има можност да се преполови.

Пакување: 7 лепенки

Карактеристики:

  • Локална апликација
  • Продолжено 24-часовно дејство
  • Природни состојки
  • Комбинација на 5 добро проучени комплементарни активни супстанции
  • Природни состојки
  • Брз и траен ефект на затоплување
  • Дискретни, не се гледаат под облеката
  • Флексибилни и немасни, лесни за нанесување
  • Со лесна и пријатна арома
  • Удобни, биокомпатибилни со кожата
  • Нивната големина е 8 х 14 см, со можност за преполовување доколку е потребно за да се покрие помала површина
  • Произведени во Холандија

Содржина

Употреба

  1. Измијте ги рацете темелно со вода и сапун пред да нанесете лепенка Уримил форте неуро. Исчистете ја кожата за да отстраните нечистотија, лосиони или масла и исушете ја кожата со крпа.
  2. Отстранете го заштитниот слој на лепенката и нанесете ја со лепливата страна врз кожата. Користете ги прстите за да бидете сигурни дека лепенката е цврсто нанесена на кожата. Не треба да има нерамни места или набори.
  3. По апликацијата, проверете дали кесичката е затворена за да ги зачувате преостанатите лепенки.

Нанесете една лепенка Уримил форте неуро дневно.

Лепенките не се масни и се лесни за нанесување. Тие се флексибилни и не се видливи под облеката. Пријатната и слаба арома на лепенката нема да предизвика продорна миризба.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се