POLSKI LEK Вербаскон грип 10 кесички
Опис на производот
Вербаскон е прашок за перорален раствор, со вкус на малина, граничен производ.
- Производот е наменет за возрасни
- За намалување на проблемите на респираторниот систем како што се кашлица и иритации на грлото
Verbascon grip е производ наменет за повеќекратна поддршка на организмот пред се за нормална функција на респираторен систем и зголемување на отпорноста на организмот.
Verbascon grip е формулација на база на состојки од природно потекло како што се:
- Цвет од црн бозел, цвет од лопен, вербена и ехинацеа кои придонесуваат во одржување на здравјето на респираторниот систем и смирување на грлото и гласните жици
- Витамин Ц, селен и цинк кои придонесуваат за нормално функционирање на имунолошкиот систем
Пакување: 10 кесички по 5 г.
Производител: Polski Lek Sp. z o.o ul. Chopina 10 34-100 Wadowice Полска.
Содржина
Состав:
Две (2) кесички содржат:
Активни состојки | 2 кесички | % ПДВ* |
Екстракт од вербена (Verbena officinalis L.) | 120 мг | / |
Екстракт од ехинацеа (Echinacea purpurea L.) | 40 мг | / |
Црн бозел - екстракт од цвет (Sambucus nigra L.) | 40 мг | / |
Лопен екстракт од цвет (Verbascum thapsus L.) | 40 мг | / |
Витамин Ц | 500 мг | 625 |
Цинк | 10 мг | 100 |
Селен | 55 мкг | 100 |
Рутин | 25 мг | / |
*препорачано дневно дозирање
Состојки: малтодекстрин; Л-аскорбинска киселина, средство за зголемување на волуменот: сорбитол; арома; концентриран сок од црвено цвекло во прав (концентриран сок од црвено цвекло, малтодекстрин, регулатор на киселост: лимонска киселина); киселина: јаболкова киселина; засладувачи: сукралоза, стевиол гликозиди, екстракт од ехинацеа (Echinacea purpurea L.) DER 4:1; екстракт од цвет од бозел (Sambucus nigra L.) DER 4:1; екстракт од цвет од лопен (Verbascum thapsus L.) DER 4:1; стандардизиран екстракт од вербена (Verbena officinalis L.) DER 4:1; средство против стврднување: силициум диоксид; рутин; цинк цитрат, натриум селенат.
Производот содржи засладувачи.
Производот може да содржи лактоза (од млеко).
Употреба: Се препорачуваат 2 кесички во текот на денот.
Растворете ја содржината на кесичката во 150 мл топла вода. Се добива вкусен напиток кој брзо затоплува.
Мерки на претпазливост: Да се чува на суво место, на температура под 25°C, заштитено од сончева светлина. Да се чува на места недостапни на мали деца. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Ако дојде до појава на било какви несакани дејства, престанете со употреба на производот и консултирајте се со Вашиот лекар. Ако сте бремени или доите, консултирајте се со Вашиот лекар, пред употреба на било кој производот. Ако земате други лекови консултирајте се со Вашиот лекар, пред употреба на производот. Во случај на пречувствителност на било која состојка престанете со употреба на производот.
Производот не треба да се користи како замена за разновидна исхрана.
Важно е да се придржувате кон балансирана исхрана и здрав начин на живот.