PRANAROM Allergoforce Спреј за нос, 15 мл

pranarom spray nasal allergoforce sprej za nos alergija
PRANAROM Allergoforce Спреј за нос, 15 мл
427,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
054157C
favorite_border

Опис на производот

  • При состојби на алергиски ринитис
  • 100% природни есенцијални масла
  • Медицинско средство класа IIa - CE 0051
  • Производот е наменет за возрасни и деца над 3 години (+3)
  • Производот може да го употребуваат бремени жени

SPRAY NASAL DÉCONGESTIONNANT е хипертоничен раствор со деконгестивно дејство во форма на спреј, наменет за симптоматски третман на назална конгестија, како на пример во случај на алергиски ринитис (прашина, полен) и назофарингитис. Содржи хипертоничен раствор кој по пат на осмоза ја навлажнува слузницата на носот и есенцијалните масла кои даваат дополнително чувство на свежина.

Производот поседува посебен дизајн кој гарантира заштита од контаминација, безбедно излачување на слуз и без ефект на истекување на растворот.

Пакување: 15 мл

SPRAY NASAL DÉCONGESTIONNANT е наменет за назална употреба (спреј за нос).

- За да се избегне контаминација, спрејот може да го користи само едно лице.

- Пред првата употреба, протресете го шишенцето, извадете го капачето, ставете го палецот на дното на шишецето, а показалец и средниот прст на прстенот.

- При првата употреба, препорачливо е да испумпате неколку пати во празно за да го наполните диспензерот и да започнете со прскање (слика 1).

- Кога мерната чаша е полна, вметнете ја млазницата во ноздрата и прскајте додека вдишувате низ носот (слика 2).

- Исчистете го врвот со топла вода по секоја употреба, оставете го да се исуши и затворете со капачето.

Содржина

Состав: вода, натриум хлорид, алкохол, Plantago major екстрат од лист (тегавец), полиглицерил-10 карприлат/капрат, натриум бензоат, ксантан гума, калиум сорбат, Cedrelopsis grevei масло (катрафај), Piper nigrum масло од плод (црн пипер), Abies balsamea масло од иглички (елка), Tanacetum annuum масло(мароканска сина камилица), Anthemis nobilis масло од цвет (вид на камилица), Chamomilla recutita масло од цвет (вид на камилица), Ledum groenlandicum масло (грендландски рузмарин), лимонска киселина.

Употреба:

  • Деца од 3 до 6 години: исчистете го носот, прснете по еднаш во секоја ноздра, не повеќе од 5 пати на ден.
  • Деца од 6 до 12 години: исчистете го носот, прснете по 1 до 2 пати во секоја ноздра, не повеќе од 5 пати на ден.
  • Возрасни и деца над 12 години: исчистете го носот, прснете по 1 до 4 пати во секоја ноздра, не повеќе од 5 пати на ден.

 

Ако симптомите продолжат и по препорачаната употреба на производот, консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

Во случај на предозирање, контактирајте го вашиот лекар или фармацевт.

Ако сте заборавиле да земете доза од производот, не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената.

Предупредување:

  • Мерки на претпазливост

По првото отварање да се користи во рок од 30 дена. Да не се користи кај деца под 3 годишна возраст, освен ако тоа не е препорачано од лекар. Да не се употребува во случај на алергија на која било од состојките на производот (види дел 6). Да се ​​чува на места недостапни за мали деца. Да се чува на места заштитени од извори на топлина и светлина Да не се надминува препорачаната дневна доза за употреба.

  • Бременост и доење

Пред употреба на производот бремените жени и доилките да се консултираат со својот лекар.

  • Влијание на производот при возење и ракување со машини

Производот нема влијание при возење и ракување со машини.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се