PROBOTALIFE Органски чај од диво оригано, 50 г

Опис на производот
Probotalife Organic Wild Oregano Tea -100% органски чај од диво оригано.
100% природен и органски сертифициран чај добиен со сушење и мелење на надземниот дело од ендемска сорта на диво оригано, Origanum Minutiflorum кое расте само на Таурус планините во јужните делови на Турција на помалку пристапни терени и важи за едно од најлековитите растенја на светот.
Постојат над 40 видови оригано, но за најделотворно се смета Origanum Minutiflorum поради специфичните климатски услови во тој регион. Поради неговото делотворно дејство се користело уште од времето на старите народи. Постојат пишани докази дека го употребувале и Хипократ и Парацелзиус. Благотворното дејство на чајот од диво оригано доаѓа од присуството на Карвакрол и Тимол, кои во домашното, култивирано оригано се наоѓаат во многу мал процент.
Карвакролот во дивото оригано е јак антиоксиданс кој помага во борбата со голем број бактерии (респираторни и чести уринарни инфекции) и го поддржува имуниот систем. Има исклучително убав и јак мирис.
- Наменет е за возрасни и деца над 2 години
Нето-тежина: 50 г.
Содржина
Употреба: Може да се користи во секојдневието како чајна напивка и се припрема на следниот начин:
- 1 кафена лажица од чајот се попарува со 200 мл врела вода, се поклопува 1 минута, се процедува и се пие додека е топол чајот
- Доколку сакате појаки вкусови, чајот се попарува и се остава да отстои 5-10 минути и се пие
- По потреба може да се додаде мед
Не е препорачлив за:
- Деца до 2 годишна возраст, освен ако е поинаку препорачано од педијатар
- За трудници и доилки
- Кај лица преосетливи на состојките на производот
- Лица кои имаат анемија, како и лица кои примаат антикоагулантна терапија е пожелно да се консултираат со својот лекар или фармацевт пред употреба
Начин на чување: Да се чува на места недостапни за деца, на суво и темно место.