МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна само во Скопје и истата е бесплатна со нарачка над 501 денар 

Пролетно будење на имунитетот

.

Сонот е клучен фактор

Со добриот и квалитетен сон ќе се чувствувате подобро, поенергично и ќе имате поголема концентрација. За време на спиењето организмот ги обновува белите крвни зрнца кои се неопходни во борбата против воспаленијата. Недостатокот на сон, предизвикува дополнителен стрес на нашето тело и го прави организмот подложен и раздразнет на надворешните влијанија.

 

.

Кажете му НЕ на шеќерот

Производите кои содржат рафиниран шеќер често можат повеќе да ви наштетат отколку да ви помогнат. Нивното претерано консумирање предизвикува вртоглавици, несоница, астма, често влијае и врз расположението. Овие намирници ја попречуваат работата на организмот и делуваат негативно на имунолошкиот систем. Настојувајте да ги елиминирате и ќе ја почувствувате позитивната промена врз здравјето.

 

.

Регулирајте го стресот

Сите знаеме како и колку лошо влијае константиот стрес врз нашето тело и организам, влучувајќи го и имунитетот. Исто како и кај недостатокот на сон, стресот предизвикува слабост кај белите крвни зрнца. Одвојте време за физичка активност, прошетка во природа, вашето хоби - тоа е најдобар лек против стресното секојдневие.

 

.

Правилна исхрана

Како и секогаш, така и сега, мора да внимаваме што внесуваме во нашиот организам, а тоа значи внес на витамини кои давааат дополнителна енергија. Во секојдневната исхрана додајте овошје и зеленчук што ги содржи витамините А, Б, Ц и Д. Исто така, не одбегнувајте ги минералите и протеините од месото и рибата.

 

.

Уживајте во убавините на пролетта

Пролетта е најдобро време за уживање во природа и во сите нејзини благодети. Некои научни студии покажуваат дека минималниот дневен престој од 30 минути на отворено, има огромно позитивно влијание врз човекот. Го подобрува физичкиот изглед, расположението, концентрацијата и го зголемува нивото на витаминот Д, кој меѓу останатото спречува остеопороза, карцином и депресија.

 

Уживајте во деновите кои доаѓаат и искористете ја секоја прилика за спортски активности на отворено, бидејќи така ќе му помогнете на телото и секако, не заборавајте да нанесете крем за сончање!