PROSPAN Сируп, 100 мл
Опис на производот
Prospan се користи за симптоматски третман на хронични воспалителни бронхијални болести и при акутно воспаление на дишните патишта придружено со кашлица.
Делува како експекторанс, бронхоспазмолитик и ја ублажува кашлицата.
Пакување: 100 мл
Содржина
Состав: 1 мл сируп содржи 7 мг сув екстракт од листови на бршлен.
Не содржи: алкохол, шеќер и бои.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.
Употреба:
- Деца од 1 до 5 години земаат по 2,5 мл од сирупот, 3 пати дневно
- Деца од 6 до 9 години земаат 5 мл од сирупот, 3 пати дневно
- Возрасни и деца над 10 години земаат по 5 – 7,5 мл од сирупот, 3 пати дневно
Времетраењето на третманот зависи од видот и тежината на клиничката слика. Дури и кај лесни воспаленија на дишните патишта, третманот треба да трае најмалку една недела.