МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

Путер торта со мача

Состојки (за тортата):

путер торта со мача

За декорирање:

  • 1/2 кафена лажичка мача во прав
  • 1/4 шолја шеќер во прав
  • Овошје и цвеќе, по желба

путер торта со мача

Начин на приготвување:

  • Загрејте ја рерната на 180С.
  • Подгответе тавче за печење со тоа што ќе го намачкате со зејтин и посипете со брашно.
  •  Во еден сад ставете го путерот заедно со шеќерот и солта и миксирајте 5 минути. Потоа додадете ги и јајцата и миксирајте уште 5 минути. Потоа додадете ги кремот за готвење и екстрактот од ванила и повторно миксирајте додека смесата не се соедини делумно. Потоа додадете ги мачата, брашното, и прашокот за печиво. Миксирајте додека не добиете хомогена смеса. Истурете ја смесата во подготвеното тавче за печење и измазнете ја на врвот.
  • Печете околу 25-30 минути, додека горниот дел не стане сунѓерест. Извадете ја тортата од рерната и оставете ја да се излади 10 минути, превртете ја тортата на решетка и оставете ја да се излади целосно.
  • За декорација, измешајте ја мачата во прав заедно со шеќерот во прав.
  • Посипете ја тортата и украсете ја со свежо овошје по желба!

путер торта со мача