REALY Антиген брз тест за детектирање на Корона вирус (SARS-Cov-2) со брис

REALY Антиген брз тест за детектирање на Корона вирус (SARS-Cov-2) со брис
299,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
051682C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

REALY Novel Coronavirus (SARS-Cov-2) Antigen Rapid Test Cassette (swab)

  • Антиген брз тест за детектирање на Корона вирус (SARS-Cov-2) (Ковид 19) со брис
  • Брз тест за квалитативна детекција на антигени на корона вирус со примерок од назофарингеален брис
  • Ин витро дијагностичко средство.

Антиген брзиот тест за детектирање на Корона вирус (SARS-Cov-2) со примерок од назофарингеален брис е ин витро дијагностички тест за квалитативна детекција на антигени на корона вирус во примерок од назофарингеален брис, користејќи го брзиот имунохроматографски метод. Идентификацијата се заснова на моноклонални антитела специфични за антигените на корона-вирусот. Овој тест ќе обезбеди информации за клиничките лекари да ординираат соодветни лекови.

Тестот содржи: Тест уред, стерилно стапче, капалка, реагенс за екстракција (бафер), шише, упатство за употреба

Дополнителни потребни материјали: Тајмер

Пакување: 1 тест

  • Општи информации:

Новите коронавируси припаѓаат на β класата. COVID-19 е акутно респираторно инфективно заболување. Подложни се генерално луѓето. Во моментов, пациентите заразени од новиот корона-вирус се главниот извор на инфекција; асимптоматски заразените лица исто така можат да бидат извор на зараза. Врз основа на тековните епидемиолошки испитувања, периодот на инкубација е од 1 до 14 дена, најчесто од 3 до 7 дена. Главните симптоми на заболувањето вклучуваат треска, замор и сува кашлица.

Пријавени се и симптоми како затнат нос, течење на носот, болно грло, болка во мускулите и дијареа, како и тежок акутен респираторен синдром.

Корона-вирус-2 (SARS-Cov-2) е не-сегментиран РНК вирус, обвиткан со неколку слоеви на структурни протеини (spike (S), envelope (E), membrane (M) и nucleocapsid (N)).

Во моментов, постојат многу варијанти на корона-вирусот (SARS-CoV-2) и N501Y мутацијата и сличните варијанти привлекоа внимание затоа што нивната позиција на мутација е лоцирана во доменот на рецепторот врзан за гликопротеинот на вирусот, со што се менува ефикасноста на вирусната инфекција. Во силиконска анализа се покажа дека мутацијата N501Y не ја менува примарната и терцијарната протеинска структура на S протеинот во RBD domain. Затоа, неговата антигеност останува непроменета.

Подготовка за тестирање

  • Земето го цевчето со реагенсот за екстракција, отстранете го капачето и истурете ја целата содржина на реагенсот за екстракција во приложеното шише
  • Ставете го стапчето со земениот брис во шишето во кое го ставивте реагенсот за екстракција. Промешајте со кружни движење со цел брисот од стапчето да се раствори во реагенсот. Извадете го стапчето. Добиениот раствор ќе го користите како тест примерок.

 

Упатство за употреба:

Пред тестирањето, оставете ги некое време тест уредот, примерокот и реагенсот за екстракција, на собна температура (15-30°C).

  1. Внесете го комплетно стерилното стапче за земање на брис, во носната празнина. Гребете по површината со цел колку може повеќе да соберете епидермални клетки и слуз.
  2. Земето го цевчето со реагенсот за екстракција, отстранете го капачето и истурете ја целата содржина на реагенсот за екстракција во приложеното шише
  3. Ставете го стапчето со земаниот брис во шишето во кое го ставивте реагенсот за екстракција. Промешајте со кружни движење околу 10 секунди, притискајте го стапчето по ѕидот на шишето со цел брисот од стапчето да се раствори во реагенсот.
  4. Извадете го стапчето на тој начин што ќе ја исцедите целата содржина од растворот која е насобрана на стапчето. Отстренете го стапчето како медицински отпад во согласност со локалните прописи.
  5. Прицврстете ја капалката на шишето и нежно протресете вертикално за да може примерокот од брис добро да се измеша со реагенсот за екстракција.
  6. Сега примерокот е подготвен и може да ја отпочнете постапката на тестирање

  7. Извадете го тест уредот од фолијата и направете го тестот што е можно побрзо. Најдобри резултати ќе се добијат ако анализата се изврши веднаш по вадење од фолијата. Ставете го уредот за тестирање на чиста и рамна површина.
  8. Капнете 3 капки од примерокот и вклучете го тајмерот. Прочитајте го резултатот за 10~20 минути. Не ги земајте во предвид резултататите по истекување на 20 минути.

 

  • Читање на резултатот:

ПОЗИТИВЕН РЕЗУЛТАТ: Се појавуваат две црвени линии. Една црвена линија се појавува во контролната зона (C) и една црвена линија во тест зоната (T). Нијансата на бојата може да варира, но треба да се смета дека резултатот е позитивен и тогаш кога линијата е бледа.

НЕГАТИВЕН РЕЗУЛТАТ: Само една црвена линија се појавува во контролната зона (C), и нема линија во тест зоната (T). Негативниот резултат укажува на тоа дека во примерокот нема честички на корона-вирус или бројот на вирусни честички е под видливиот опсег.

НЕВАЛИДНО: Не се појавува црвена линија во контролната зона (C). Тестот е невалиден дури и ако има линија во тест зоната (Т). Недоволна количина на примерок или неточни процедурални техники се најверојатните причини за ова. Прегледајте ја постапката за тестирање и повторете го тестот користејќи нов уред за тестирање. Ако ги добите пак истите резултати прекинете го тестирање и контактирајте го дистрибутерот.

Мерки на претпазливост:

  • Само за ин витро дијагностичка употреба
  • Да не се користи по истекување на рокот на употреба
  • Да не се користи ако пакувањето е оштетено
  • Направете го тестот на собна температура од 15 до 30°C
  • Носете ракавици при земање на примероците, избегнувајте допирање на мембраната на реагенсот и прозорчето на примерокот
  • Сите примероци и користени додатоци треба да се третираат како инфективни и да се отстранат во согласност со локалните прописи
  • Тестот не е намнет за тестирање со примерок од крв

Содржина

  • Земање на примерок и подготовка за тестирање:
  1. Земање на примерок

За добивање на точни резулатит користете свежо земен примерок од брис. Несоодветно земен брис може да даде лажно негативни резултати. Внесете го комплетно стерилното стапче за земање на брис, во носната празнина. Гребете по површината со цел колку може повеќе да соберете епидермални клетки и слуз.

  1. Подготовка за тестирање

1). Земето го цевчето со реагенсот за екстракција, отстранете го капачето и истурете ја целата содржина на реагенсот за екстракција во приложеното шише

2). Ставете го стапчето со земаниот брис во шишето во кое го ставивте реагенсот за екстракција. Промешајте со кружни движење со цел брисот од стапчето да се раствори во реагенсот. Извадете го стапчето. Добиениот раствор ќе го користите како тест примерок.

Тестот содржи:

  • Тест уред

  • Стерилно стапче

  • Реагенс за екстракција (бафер)

  • Упатство за употреба

  • Капалка

  • Шише

Дополнителни потребни материјали:

  • Тајмер

Упатство за употреба:

Пред тестирањето, оставете ги некое време тест уредот, примерокот и реагенсот за екстракција, на собна температура (15-30°C).

  1. Внесете го комплетно стерилното стапче за земање на брис, во носната празнина. Гребете по површината со цел колку може повеќе да соберете епидермални клетки и слуз.

  2. Земето го цевчето со реагенсот за екстракција, отстранете го капачето и истурете ја целата содржина на реагенсот за екстракција во приложеното шише

  3. Ставете го стапчето со земаниот брис во шишето во кое го ставивте реагенсот за екстракција. Промешајте со кружни движење околу 10 секунди, притискајте го стапчето по ѕидот на шишето со цел брисот од стапчето да се раствори во реагенсот.

  4. Извадете го стапчето на тој начин што ќе ја исцедите целата содржина од растворот која е насобрана на стапчето. Отстренете го стапчето како медицински отпад во согласност со локалните прописи.

  5. Прицврстете ја капалката на шишето и нежно протресете вертикално за да може примерокот од брис добро да се измеша со реагенсот за екстракција.

 

 

Сега примерокот е подготвен и може да ја отпочнете постапката на тестирање

  1. Извадете го тест уредот од фолијата и направете го тестот го што е можно побрзо. Најдобри резултати ќе се добијат ако анализата се изврши веднаш по вадење од фолијата. Ставете го уредот за тестирање на чиста и рамна површина.

  2. Капнете 3 капки од примерокот и вклучете го тајмерот. Прочитајте го резултатот на 10~20 минути. Не ги земајте во предвид резултататите по истекување на 20 минути.

  • Читање на резултатот:

ПОЗИТИВЕН РЕЗУЛТАТ: Се појавуваат две црвени линии. Една црвена линија се појавува во контролната зона (C) и една црвена линија во тест зоната (T). Нијансата на бојата може да варира, но треба да се смета дека резултатот е позитивен и онојпат кога линијата е бледа.

НЕГАТИВЕН РЕЗУЛТАТ: Само една црвена линија се појавува во контролната зона (C), и нема линија во тест зоната (T). Негативниот резултат укажува на тоа дека во примерокот нема честички на коронавирус или бројот на вирусни честички е под видливиот опсег.

НЕВАЛИДНО: Не се појавува црвена линија во контролната зона (C). Тестот е невалиден дури и ако има линија во тест зоната (Т). Недоволна количина на примерок или неточни процедурални техники се најверојатните причини за ова. Прегледајте ја постапката за тестирање и повторете го тестот користејќи нов уред за тестирање. Ако ги добите пак истите резултати прекинете го тестирање и контактирајте го дистрибутерот.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се