Рекугел гел за очи, 10 г

Рекугел гел за очи, 10 г
300,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
033904C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Медицински производ, вискозен раствор со декспантенол за подобрување на лубрикацијата на окуларната површина и за заштита на здравите очи.

Има освежувачки и смирувачки ефект на очите. Ја подобрува навлажнетоста на окуларната површина во услови на сувост на очите, печење или замор на очите, предизвикани на пример од предолго гледање телевизија или прекумерна работа на компјутер, воздух од системите за затоплување или клима уредите.

Може да се смета за прва помош на рожницата за мали трауми на епителот на рожницата како што се гребнатини, триење, туѓи тела, продолжена употреба на контактни леќи или дури и само изложување на УВА зраци без соодветна заштита.

Активната состојка декспантенол е адјуванс на природниот процес на поправка на епителот и се користи во офталмологијата со истата апликација за брзо олеснување, намалување на болните симптоми и спречување на ризикот од компликации, како и за забрзување на природниот процес на ре-епителизација. 

Лесен и освежувачки гел, не се лепи и не го заматува видот.

Пакување: 10 г

Содржина

Состав: 1 г гел содржи 50 мг декспантенол, карбомер, динатриум едетат, натриум хидроксид и вода.

Употреба: држете ја тубата во вертикална положба над окото и нежно повлечете го надолу долниот капак. Ставете по една капка во секое око такашто полека ќе ја притиснете тубата. Држете ја тубата во вертикална положба кога ставате од капките.

Претпазливост: не ја употребувајте тубата ако е оштетена. Внимавајте врвот од тубата да не го допре окото или прстите, заради превенција од можна контаминација на гелот. 

Отворената туба не смее да се дели со други лица.

Доколку на окото нанесувате повеќе видови на лекови, дозволете да поминат најмалку 15 минути помеѓу секое следно аплицирање на капките.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се