REPLEK Каноил Био спреј 20% CBD, 10 мл
Опис на производот
Каноил био е маслен раствор, спреј за перорална употреба, кој содржи маслен екстракт од растението коноп (канабис) и масло од семе од коноп. Маслениот раствор е со докажано отсуство на пестициди и хербициди.
Позитивни ефекти при употреба на Каноил био се манифестираат при:
- Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми
- Гадење и повраќање, посебно за време на хемотерапија кај малигни заболувања
- Нарушен баланс на цревната флора
- Хронична болка (главно болка поврзана со нервниот систем, на пример предизвикана од оштетен нерв, фантомска болка, фацијална невралгија или хронична болка која перзистира по опоравување од херпес зостер)
Пакување: 10 мл
Содржина
При употребата на спрејот под јазик може да се почувствува специфичен вкус кој произлегува од природните составни компоненти на билката канабис.
Дозирање:
Употреба кај возрасни и деца над 14 години: еднаш до двапати на ден по едно испрскување.
Употреба кај деца до 14 години: се препорачува едно испрскување дневно.
Храната не влијае на употребата на Каноил био.
По препорака на лекар дозата може да се зголеми.
Каноил био не содржи глутен и лактоза.
Може да го употребуваат лица на вегетаријанска и /или веганска исхрана.