REPLEK Реконазол 2% крем, 30 г

REPLEK Реконазол 2% крем, 30 г
170,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
004382C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Локален третман на кандидијази (вулвитис, питриасис версиколор, себороичен дерматитис предизвикан од Malassezia), како и дерматофитни инфекции на кожата како што се тинеа корпорис, тинеа крурис, тинеа манус и тинеа педис инфекции, предизвикани од Trichophyton spp, Microsporon spp и Epidermophyton spp.

Пакување: 30 г

Содржина

Состав: 1 г крем содржи 20 мг кетоконазол.

Употреба:

  • Тинеа педис:

Реконазол® кремот се нанесува на заболеното место два пати дневно. Вообичаеното времетраење на третманот кај благи инфекции е 1 недела. Кај потешки или екстензивни инфекции, третманот треба да продолжи уште неколку дена по исчезнувањето на сите знаци и симптоми, за да се спречи повторувањето на болеста.

  • За други инфекции:

Реконазол® кремот се нанесува на заболеното место еднаш или два пати дневно, зависно од тежината на инфекцијата.

Третманот треба да продолжи уште неколку дена по исчезнувањето на сите знаци и симптоми.

Вообичаеното времетраење на третманот е:

Тинеа версиколор: 2-3 недели,

Тинеа корпорис: 3-4 недели.

Доколку после 4 недели третман не се добие клиничко подобрување, дијагнозата треба да се преиспита. Потребно е да се спроведуваат основните хигиенски мерки за да се спречи појавата на инфекции или реинфекции.

Себороичниот дерматитис е хронична инфекција со чести релапси.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се