RESTORAFLOR Пробиотици и пребиотици, 10 шишенца
Опис на производот
RestoraFlor liquid е додаток во исхраната со пробиотици, фрукто-олигосахариди (ФОС) и витамини од Б групата.
- 10 милијарди L.Rhamnosus GG
- + 1 милијарда S.Boulardii
- Витамини од Б групата
- Со вкус на шумско овошје
Пробиотиците ја одржуваат рамнотежата на цревната бактериска флора. Витамините Б2, Б6 и Б12 придонесуваат во намалување на заморот и исцрпеноста.
Витамините Б6 и Б12 исто така придонесуваат за нормално функционирање на имунолошкиот систем.
Пакување: 10 шишенца од 7 мл
Произодител: U.G.A.Nutraceuticals S.r.l., Италија.
Содржина
Состав:
Средни вредности | За 1 шишенце | %ПДВ* |
Витамин Б6 | 0.21 мг | 15 |
Витамин Б2 | 0.21 мг | 15 |
Витамин Б1 | 0.165 мг | 15 |
Витамин Б12 | 0.375 мкг | 15 |
Фрукто-олигосахариди | 200 мг | |
Пробиотици | ||
- Lactobacillus rhamnosus GG | 10 милјарди cfu** | |
- Saccharomyces boulardii | 1 милјардa cfu** |
*Препорачано дневно внесување
**Единица за формирање на колонија
Содржината во живи култури се однесува на правилно чуван производ.
Состојки:
Капаче за дозирање: Saccharomyces boulardii (CNCM n.I-3799), Lactobacillus Rhamnosus GG (ATCC n. 53103), малтодекстрини, витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид), витамин Б2 (рибофлавин), витамин Б1 (тиамин мононитрат), средство против стврднување: силикон диоксид, витамин Б12 (цианокоболамин).
Шише: вода, фруктоза, малтодекстрин, фрукто-олигосахариди, конзерванси: калиум сорбат, натриум бензоат; арома; регулатор на киселост: лимонска киселина.
Мерки на претпазливост: Да не се надминува препорачаната дневна доза. Да се чува на места недостапни за деца под 3 годишна возраст. Додатоците во исхраната не се наменети како замена за разновидна и балансирна исхрана и здрав начин на живот. Да се чува на температура под 25°С, заштитено од извори на топлина, сончева светлина и влага. Датумот на рокот на употреба се однесува на правилно чуван производ во неотворено пакување.
Начин на употреба:
Употреба: 1 шишенце на ден.
- Свртете го капачето на шишето во правец на стрелките на часовникот додека не се скрши безбедносното јазиче.
- Добро протресете го шишенцето до целосно растворање на прашокот. Преостанатиот талог на дното од шишенцето се должи на природата на производот и не влијае на квалитетот.
- Свртете го капачето спротивно од стрелките на часовникот, отворете го шишенцето и испијте ја содржината.