ROCHE Accu-Chek Performa Тест ленти за шеќер

ROCHE Accu-Chek Performa Тест ленти за шеќер
1.250,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
019087C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Соодветни за самотестирање

Наменета употреба

Аку-Чек Перформа тест лентите се наменети за користење со Аку-Чек Перформа, Аку-Чек Перформа Нано, Аку-Чек Перформа Конект, Аку-Чек Перформа Комбо, Аку-Чек Перформа Инсајт и Аку-Чек Перформа Соло апарати за квантитативно мерење на глукоза во свежа капиларна крв како помош при надгледување на ефикасноста при контрола на глукозата.

Места за земање примерок од крв за  Аку-Чек Перформа, Аку-Чек Перформа Нано, Аку-Чек Перформа Конект апарати за мерење на глукоза во крвта се прст, дланка, подлактица и надлактица.

Место за земање на примерок од крв за Аку-Чек Перформа Комбо, Аку-Чек Перформа Инсајт и Аку-Чек Перформа Соло е јагодката на прстот.

Стручен медицински персонал може да користи примероци на венска крв, артериска крв и неонатална крв со Аку-Чек Перформа и Аку-Чек Перформа Нано апаратите.

Аку-Чек Перформа тест лентите при користење со Аку-Чек Перформа и Аку-Чек Перформа Нано и ако Аку-Чек перформа Конект апаратите се наменети за ин витро дијагностичко користење од страна на здравствени професионални лица во клинички услови и во домашни услови од лица со дијабетес.

Аку-Чек Перформа Комбо, Аку-Чек Перформа Инсајт и Аку-Чек Перформа Соло апарати наменети се само за домашна употреба.

Содржина

Информации за корисниците

Редовното тестирање на глукозата во крвта може да Ви помогне во подобро контролирање на Вашиот дијабетес. Медицинските студии покажуваат дека Вие и Вашиот лекар може да го одржувате нивото на Вашата глукоза во крвта блиску до нормалното ниво. Ова може да го спречи или забави развивањето на компликации од дијабетесот.

Содржина на пакувањето

Пакувањето содржи тест ленти и упатство за користење. Целата содржина од пакувањето може да се фрли во домашниот отпад. Реактивните субстанции се во толку мала содржина  и не се сметаат за опасни материи според прописите на ЕУ.

Чување на тест лентите и ракување со нив

  • Чувајте ги тест лентите на температура меѓу 2-30 ОС.  Немојте да ги чувате во замрзнувач
  • Користете ги тест лентите на температура меѓу 8-44 ОС
  • Користете ги тест лентите при влажност на воздухот 10-90%. Немојте да ги чувате тест лентите на места со висока температура и ниво на влажност како во купатило или кујна
  • Неискористените тест ленти чувајте ги во нивното оригинално кутивче со затворено капаче
  • Веднаш по вадење на тест лента, затворете го цврсто капачето за да ги заштите преостанатите тест ленти од влага
  • Искористете ја тест лентата веднаш по вадењето од кутивчето
  • Фрлете ги тест лентите доколку се со изминат рок  на користење. Тест ленти со изминат рок на употреба можат да дадат неточни резултати. Тест лентите може да се користат до испечатениот датум за користење доколку правилно се чуваат и користат. Ова се однесува за тест ленти од ново неотворено кутивче како и за тест ленти од кутивче што е веќе отворено и се користи.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се