SANLI Ментол фластер

SANLI Ментол фластер
36,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048449C
favorite_border

Опис на производот

Ментол фластер

  • За еднократна употреба  
  • Димензии 12 цм x 18 цм

Дополнително на ефектот на ладење, ментолот поседува и други својства што се користат кај спортистите и атлетичарите и согласно најновите сознанија, делува во терапијата на различни стадиуми на болка.

Камфорот делува како благ локален анестетик и има антимикробно дејство. Помага при болни промени во мускулите и зглобовите, како и кај невралгија и ревматска болка.

Има смирувачки ефект кога ќе се нанесе на градите и грбот во случаи на настинка. Ублажува болка од различно потекло, ублажува состојба на артритис, остеохондроза, ревматизам и ишијас.

Активните состојки поседуваат аналгетски и благи антиинфламаторни карактеристики. Се апсорбираат преку кожата, ја стимулираат крвната циркулација и доведуваат до релаксација.

Намена:

  • Мускулна болка, замор во мускулите, ригидност на мускулите
  • Повреда на зглобовите, лумбаго, артритис, болка во вратот, рамењата и грбот.

Пакување: 1 фластер/пакување

Содржина

Состојки: Ментол 7.708% w/w, метил салицилат 8.479% w/w, камфор 1.654% w/w, тимол 1.074% w/w, природна гума 15-30% w/w, смола 15-30% w/w, гума 0-10% w/w, цинк оксид 15-30% w/w, линолин 0-10% w/w, парафин масло 0-10% w/w, бутилхидрокси толуен 0-10% w/w, глицерол%w/w.

Начин на употреба и дозирање: Нанесувајте го фластерот на чиста и сува кожа. Отстранете го белиот пластичен слој од фластерот. Ставете го фластерот на болното место и лесно притиснете за да се залепи. Може да го замените еднаш или двапати на ден.

Предупредување и мерки на претпазливост: Да не се користи на чувствителна кожа. Ментол фластерот не смее да се применува на отворени рани и иритирана кожа. Прекинете ја употребата ако дојде до иритација на кожата. Бремените жени и доилките да се консултираат со својот лекар пред употреба на производот. Ако истовремено употребувате некои лекови консултирајте се својот лекар или фармацевт, пред употреба на производот.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се