SINCERITAS CBD 20% Екстракт од канабис маслени перорални капки 10 мл

SINCERITAS CBD 20%  peroralni kapki maslo od ekstrakt od kanabis 10 ml
SINCERITAS CBD 20% Екстракт од канабис маслени перорални капки 10 мл
1.899,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
050787C
favorite_border

Опис на производот

Маслото содржи 20% CBD и нема никакво психотропно дејство. Маслото е екстракт од зрелите цветови на растението Cannabis Sativa L, и освен присуството на највисока концентрација на CBD, содржи мешавина и на други природни супстанци присутни во самото растение (како канабиноидите и терпените). Канабидиолот (CBD), заедно со овие природни супстанци, имаат целосен спектар на делување на ендоканабиноидниот систем во организмот и на тој начин ги враќаат нарушените физиолошки функции во нормална состојба (хомеостаза).

Фармаколошката ефикасност на CBD досега е проучувана кај: кардиоваскуларни, невродегенеративни, малигни и метаболни нарушувања што вообичаено се поврзани со оксидативен стрес и воспаленија. CBD има докажано антиоксидативно, противвоспалително и имуносупресивно дејство.

CBD 20% маслото со целосен спектар може да има позитивни ефекти при:

  • Невролошки нарушувања како: несоница, вознемиреност, стрес, депресија, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, мултиплекс склероза, невропатска болка како и при одредени форми на епилепсија
  • Гадење и повраќање, особено за време на хемотерапија
  • Хронична и мускулна болка
  • Дијабетичка невропатија, дијабетес, кардиоваскуларни болести (регулирање на крвниот притисок, подобрување на работата на срцето и состојбата на крвните садови)
  • Воспалителни состојби како што се воспаление на цревата и Кронова болест
  • Автоимуни заболувања (ревматоиден артрит)

Пакување: 10 мл

Содржина

Состав: една капка содржи: 

  • Канабидиол (CBD) 10 мг

Останати состојки: 

  • Канабидиварин (CBDV)
  • Канабихромен (CBC)
  • Канабигерол (CBG)
  • Канабидиолна киселина (CBGA)
  • Вехикулум: масло од семе од коноп

Употреба:

Производот се зема независно од оброкот, една капка 4-5 пати во текот на денот под јазик која се задржува 30 секунди пред да се проголта. Да не се надминува максималниот дневен внес од пет капки дневно, што одговара на 50 мг препорачан дневен внес. По отворањето да се чува на ладно место и да се користи во текот на два месеци.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се