SINOMARIN Природен назален деконгестив за деца, 100 мл

Sinomarin Children Nose care nasal spray decongestionnant nasal naturel 100ml sprej za nos za deca
SINOMARIN Природен назален деконгестив за деца, 100 мл
402,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
009537C
favorite_border

Опис на производот

Sinomarin Children - Медицинско помагало идеално за деца над 1 месец и возрасни!

100% природен, клинички докажан назален деконгестив (одзатнувач на носот). Sinomarin® е хипертоничен раствор од морска вода (2,3% NaCl), богат со корисни состојки од морето (минерали и елементи во трагови). Морската вода кој се употребува во Sinomarin® е собрана од Cancale Bay брегот на Brittany Франција. 

Sinomarin® може да се употребува сам, како природна алтернатива на медикаментозните деконгестиви (локални кортикостероиди, антихистаминици, вазоконстриктори), или во комбинација со нив за да ја зголеми нивната ефикасност. Така што помага да се намали времето на употреба на медикаметозните третмани, и може да доведе до намалување на вкупниот внес на лекови.

Својства: 

  • Sinomarin® ja ослободува назалната конгестија и синусниот притисок по природен пат на осмоза
  • Ја разводнува мукозната секреција, правејки полесно да се исфрли
  • Помага во обновување на природната функција на назалната мукоза
  • Ги чисти назалните празнини, елиминирајќи ги акумулираниот мукус, крусти, прашина, нечистотии, аерозагадувачи, алергени и инфективни агенси.
  • Ја навлажнува назалната мукоза и го ублажува назалното сушење

Sinomarin® го подобрува квалитетот на живот, ублажувајќи ги симптомите поврзани со назална конгестија (пр. чешање на носот, кивање, настинка, синусен и ушен притисок, вознемирувања при
спиењето).

Sinomarin® се препорачува за:

  • Сите случаи на назална и синусна конгестија пр. ринитис (инфективен или алергиски), синузитис: од настинка и грип
  • Во случаи каде медикаментозните деконгестиви се контраиндицирани (пр. бременост, доење, тироидни нарушувања, висок крвен притисок, срцеви проблеми, дијабетес)
  • Да ја подобри ефикасноста на медикаментозните деконгестиви и да ја намали нивната употреба
  • За профилакса на назални и секундарни ОРЛ инфекции и компликации пр. отитис
  • Да го подобри опоравувањето после едноназална операција
  • За секојдневна хигиена (пр. во загадена средина)
  • За хидратација во суви околини

Пакување: 100 мл назален спреј во шише со нежна спреј пумпица со безбеден врв.

Содржина

Состав: Морска вода 70 мл, пурифирана вода до 100 мл, без конзерванси, без лекови, без хемиски адитиви, со инертен подвижен гас (азот) нитроген, но не е во допир со течност. Растворот се наоѓа во одделен контејнер.

Начин на употреба:

  • За деца 1+ месеци: 1-3 впрскувања во секоја ноздра дневно
  • За возрасни и деца 6+ месеци: 1-2 прскања во секоја ноздра 2-3 пати дневно

Мерки на претпазливост: Само за назална употреба. Назалниот апликатор да не го употребува повеќе од едно лице. Да не се употребува по истекот на рокот за употреба. Да се чува вон дофат на деца. Погоден за време на бременост и доење.

Совет: Може да почуствувате лесна и привремена иритација на почетокот на употреба.

Услови на чување: Да се чува на темперстура под 25°С. Шише под притисок. Да се заштити од светлина и извори на топлина. Да не се изложува на температура повисока од 50°C. Да не го полните или удирате шишето дури и кога е празно.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се