SOLGAR 7 (Седум), 30 капсули

SOLGAR 7 (Седум), 30 капсули
2.497,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Атрибути
Шифра
048666C
favorite_border

Опис на производот

  • Комфор и поддршка на зглобовите
  • Флексибилност и подвижност
  • Повеќекратно дејство
  • Витамин Ц и комплекс од растенија

Solgar 7 е производ од новата генерација на производи (после глукозаминот) неменети за поддршка и подобрување на флексибилноста и подвижноста на зглобовите. Формулацијата на Солгар 7 претставува спој на биоактивни нутритиенти наменети за состојби на “стрес” на зглобовите - при вежбање, спортски или други физички активности.

Солгар 7 содржи витамин Ц кој придонесува за нормално создавање на колаген потребен за нормална функција на ‘рскавиците и коските.

Витаминот Ц исто така придонесува во заштитата на клетките од оксидативен стрес. Активниот животен стил може да ги преоптерети мускулите и зглобовите, кардио вежбите како трчање, пешачење, возење на велосипед, може да направат притисок на зглобовите кој вашиот организам може да го чувствува подолго време. Дури и физичка активност еднаш на ден, може да предизвика притисок на зглобовите кој доведува до ослободување на ензими од страна на организмот кои ја намалуваат количината на колаген, со што ја нарушуваат нормалната функција како и целокупното здравје на коските и зголбовите.

Принципот на дејство на Солгар 7 е различен од принципот на дејство на глукозамин и хондроитин.

Додека традиционалните формулации за поддршка на зглобовите се фокусираат на поддршка на ‘рскавицата, Солгар 7 има:

  • Повеќекратно дејство со цел да овозможи балансирање на стресот на зглобовите, структурна поддршка во создавањето на колаген и чувствителната зглобна ‘рскавица
  • Истовремена поддршка на организмот за нормална подвижност и флексибилност на зглобовите

Солгар преку природен научен принцип ги комбинира Boswellia serrata од природно потекло (5-Loxin® Advanced), UC-II® (тип II колаген) и Ester-C®, со комплекс од традиционални зачини и растенија. Биоактивните состојки на Солгар се насочени кон структурата и кон функцијата на зглобовите со цел да се намали стресот на зглобовите, секојдневното оптеретување вклучително и утринска вкочанетост.

Само една капсула содржи 7 биоактивни хранливи состојки, моќна иновативна формула, која ја користи најновата технологија за комбинирање на биоактивни хранливи состојки што ја прават единствена на пазарот.

Пакување: 30 растителни капсули

Дознајте повеќе за моќта на куркумата

Содржина

Состoјки:

Една капсула содржи:   

    %ПДВ*
Витамин Ц - како Ester-C®, калциум Л-аскорбат 100 мг 125

Темјан (Boswellia serrata)

екстракт (корен)

екстракт (корен) (како 5-Loxin® Advanced)

100 мг  

Куркума корен (Curcuma longa)

екстракт (4:1, еквивалентен на 200 мг корен)

50 мг  

Бела врба кора  (Salix alba)

екстракт (5:1, еквивалентен на 175 мг кора) 

35 мг  

Ѓумбир корен (Zingiber officinale)

екстракт (4:1, еквивалентен на 140 мг корен)

35 мг  

Компекс на зачини:                             

Кајен пипер прашок (Capsicum annuum (плод)),
Bioperine® (Црн пипер екстракт) (Piper nigrum (плод)) 

27 мг  
Вкупен колаген 10 мг  
UC-II® стандардизирана ‘рскавица          40 мг  
Растителна обвивка на капсулата - хидроксипропилметил целулоза    
Средство за зголемување на волуменот - малтодекстрин, калиум хлорид    
Средство против згрутчување - силикон диоксид, растителен магнезиум стеарат    

*препорачано дневно внесување

Производот не содржи: глутен, пченица, млечни производи, соја, квасец, конзерванси, засладувачи, вештачки ароми или бои.

Употреба: како додаток на исхрана за возрасни земете по една (1) капсула дневно, или како што Ви препорачал Вашиот лекар. Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена на разновидна и балансирачка исхрана и за здрав начин на живот.

Ако сте бремени, доите, земате некои лекови или имате било каква медицинска состојба консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот.

Да се чува на места недостапни за деца.

Да се чува на собна температура.
Ester-C® е заштитена трговска марка на The Ester-C Company. Произведено под US pats No. 6,197,813 и 6,878,744 и меѓународни патенти.
UC-II® бренд колаген со неденатуриран тип II колаген.
UC-II® е заштитена трговска марка на InterHealth N.I.
Bioperine® е заштитена трговска марка на Sabinsa Corporation.
5-Loxin® е заштитена трговска марка на P.L. Thomas-Laila Nutraceuticals LLC.
Solgar® е заштитена трговска марка.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се