SOLGAR Формула ВМ-2000, 30 таблети

Solgar Formula V 2000 VM 2000 30 tablets
SOLGAR Формула ВМ-2000, 30 таблети
999,00 ден.
5
Просек: 5 (1 мислење)
Бренд
Шифра
048665C
favorite_border

Опис на производот

Solgar Formula VM-2000 Формула ВМ-2000 е граничен производ.

  • Производ богат со антиоксиданси, балансирана формула на мултивитамини и минерали со висока потентност
  • Наменета за подобрување на благосостојбата и виталноста на телото, помош при справување со стресот, намалување на оксидативниот стрес на клетките и зајакнување на имунитетот и способноста на организмот во борбата против слободните радикали, зголемена апсорпција на микронутриенти и обезбедување на енергија во организмот
  • Содржи 10 мг железо во форма на бисглицинат
    • Вообичаено некои производи со железо предизвикуваат гастроинтестинална иритација и ефекти на констипација
    • За разлика од нив Solgar Formula VM-2000 содржи уникатна форма на железо бисглицинат специјално формулирана со цел зголемена апсорпција и со тоа полесна прифатливост од организмот
  • Секоја поединечна состојка во составот на производот има значаен придонес во организмот:
    • Железото придонесува за нормална когнитивна функција и нормален транспорт на кислород во телото
    • Железото и витамините Б2, Б9 и Б12 придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста
    • Витамин Ц е есенцијален за нормално функционирање на имунолошкиот систем
    • Витамините Ц, Е и бета каротен, придонесуваат во борбата против слободните радикали
    • Фолната киселина придонесува за нормална функција на црвените крвни клетки
    • Бакарот и цинкот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес
  • Погодно за вегани

Пакување: 30 таблети.

Содржина

Состав:

Состојки 2 таблети %ПДВ*
Средства за зголемување на волуменот: микрокристална целулоза, скроб од грашок, алгинат, дикалциум фосфат    
Калциум (како цитрат, карбонат, бисглицинат†) 128 мг 16
Витамин Ц (како Л-аскорбинска киселина) 300 мг 375
Изолиран протеин од соја, прашок 200 мг  
Магнезиум (како оксид, цитрат, бисглицинат†) 64 мг 17
Витамин Е (200 IU, како Д-алфа токоферил ацид сукцинат) 134 мг a-TE 1117
Тиамин (витамин Б1, како тиамин мононитрат) 100 мг 9091
Пантотенска киселина (витамин Б5, како Д-пантотенат, калциум) 100 мг 1667
Ниацин (витамин Б3, како никотинамид) 100 мг NE 625
Рибофлавин (витамин Б2, како рибофлавин,рибофлавин 5-фосфат) 100 мг 7143
Холин (како битартарат) 41 мг  
Средства против стврднување: растителна стеаринска киселина, силикон диоксид, растителен магнезиум стеарат    
Иноситол 100 мг  
Вкрстено поврзана целулозна гума    
Железо (како бисглицинат††) 10 мг 71
Средства за глазирање: хидроксипропилметилцелулоза, растителен глицерин (од масло од семка на палма и кокосово масло)    
Бетаин хидрохлорид 25 мг  
Соја лецитин 20 мг  
Цинк (како оксид, бисглицинат†) 15 мг 150
Витамин Б6 (како пиридоксин хидрохлорид) 10 мг** 714
Манган (како глуконат, бисглицинат†) 2 мг 100
Л-орнитин хидрохлорид 6 мг  
Природен извор на бета-каротен 5 мг  
Таурин 5 мг  
Л-глутатион  5 мг  
Бакар (како бисглицинат†)  1500 мкг 150
Фолна киселина (како птероилмоноглутаминска киселина) 400 мкг 200
Боја: рибофлавин    
Јод (како калиум јодид) 150 мкг 100
Хром (како пиколинат) 25 мкг 63
Витамин Б12 (како цијанокобаламин) 100 мкг 4000
Д-биотин 100 мкг 200
Селен (како Л-селенометионин) 25 мкг 45
Каротеноидна мешавина  14 мкг  
Витамин Д2 (400 IU како ергокалциферол) 10 мкг 200

* препорачано дневно внесување

** долгорочниот внес на оваа количина на витамин Б6 може да доведе до благо трнење и вкочанетост

† Albion International, Inc.

†† некои додатоци на железо предизвикуваат гастроинтестинална иритација и запек. Оваа единствена форма на железен бисглицинат е формулирана за подобрена апсорпција и е нежна за вашиот систем

Производот не содржи додадени шеќери и не содржи сол.

Производот не содржи глутен, пченица, млечни производи, квасец, конзерванси, вештачки ароми или вештачки бои.

Употреба: за возрасни: земете по две (2) таблети дневно, по можност со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар.

Предупредување: да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не треба да се користи како замена за разновидна балансирана исхрана и за здрав начин на живот. Немојте да го земате граничниот производ во случај на пречувствителност на било која состојка во составот на производот. Производот е наменет само за возрасни. Долготрајната употреба на витамин Б6 во количина од 10 мг на ден, може да предизвика чувство на трнење и зашеметеност. Ако сте бремени или доите, консултирајте се со Вашиот лекар, пред употреба на било кој производ. Не се препорачува употреба на производот ако сте бремени или доите. Таблетите се земаат со оброк. Ако земате некои лекови, планирате било каква медицинска или оперативна процедура или имате било каква медицинска состојба, консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот. Консултирајте се со Вашиот лекар, ако сте употребиле повеќе од препорачаното. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Да се чува на собна температура. Да се чува подалеку од дофат на деца.

 

Мислења на потрошувачи

kitanovska.viki
5
Најдобар производ!!!
Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се