SOLGAR Магнезиум со витамин Б6, 100 таблети

SOLGAR Магнезиум со витамин Б6, 100 таблети
561,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048511C
favorite_border

Опис на производот

Solgar Магнезиум со витамин Б6 е граничен производ.

  • Solgar Magnesium with Vitamin B6 таблети е производ наменет за поддршка на психолошката функција и функцијата на нервниот систем, кај возрасни
  • Помага при состојби на мускулни грчеви, предменструален синдром, иритабилност и главоболка
  • Погодно за вегани

Магнезиум кој придонесува за:

  • Нормална психолошка функција
  • Нормална функција на нервниот систем
  • Нормална функција на мускулите (неуротрансмисија и мускулна контракција)
  • Намалување на заморот и исцрпеноста
  • Електролитен баланс

Витамин Б6 кој придонесува за:

  • Нормална психолошка функција
  • Нормална функција на нервниот систем
  • Регулирање на хормоналната активност
  • Намалување на заморот и исцрпеноста

Пакување: 100 таблети .

Содржина

Состав:

Состојки Три (3) таблети %ПДВ*
Магнезиум (како оксид) 400 мг 107
Витамин Б6 (како пиридоксин хидрохлорид) 25 мг 1786

*ПДВ-препорачано дневно внесување

Состојки: средство за зголемување на волуменот: микрокристална целулоза, средство против стврднување: растителен магнезиум стеарат, силикон диоксид, средство за глазирање: хидроксипропилметил целулоза, растителен глицерин (од масло од семка на палма и кокосово масло), карнауба восок, вкрстена целулозна гума.

Производот не содржи: глутен, пченица, млечни производи, соја, квасец, конзерванси, засладувачи, вештачки ароми или бои.

Производот не содржи: додадени шеќери и скроб.

Употреба: за возрасни, земете по три (3) таблети дневно, пожелно со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар.

Предупредување: да не се надминува препорачаната дневна доза суплементи. Производот не треба да се користи како замена на разновидна и балансирана исхрана и за здрав начин на живот. Во случај на пречувствителност на било која од состојките на производот, престанете со употреба на производот. Производот е наменет за возрасни. Долготрајна употреба на Витамин Б6 во концентрација од 25 мг на ден може да предизвика чувство на трнење и зашеметеност. Ако сте бремени или доите, консултирајте се со Вашиот лекар, пред употреба на производот. Таблетите се земаат со оброк. Ако земате некои лекови или имате било каква медицинска состојба консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот. Консултирајте се со Вашиот лекар, ако сте употребиле повеќе од препорачаното. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на собна температура. Производот содржи состојки кои со тек на време може да доведат до варијации во бојата, што е нормална појава. Да не се користи ако заштитната фолија под капачето е оштетена или недостасува.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се