SOLGAR Метилкобаламин витамин Б12, 1000 мкг, 30 таблети

Solgar Methylcobalamin Vitamin B12 1000 mcg 30 nuggets
SOLGAR Метилкобаламин витамин Б12, 1000 мкг, 30 таблети
1.028,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
048512C
favorite_border

Опис на производот

Solgar Метилкобаламин витамин Б12, 1000 мкг е граничен производ.

  • Methylcobalamin (Vitamin B12) 1000 µg на Solgar е производ во форма на таблети за џвакање специјално дизајнирани да овозможат подобра абсорпција на витамин Б12 преку слузницата на устата, со оглед на тоа дека истиот бавно се апсорбира преку гастроинтестиналниот тракт
  • Како активна состојка содржи витамин Б12 во форма на метилкобаламин, што претставува природна форма на витамин Б12 која има способност подолго време да се задржи во организмот
  • Наменет е за употреба при различни состојби на недостаток на овој витамин во организмот, како што се генетски недостаток на витамин Б12, пернициозна анемија, дијабет и др.
  • Погодно за вегани

Витаминот Б12 има значајна улога во организмот, пред се:

  • Придонесува за нормална функција на нервниот систем
  • Придонесува во процесот на нормалното создавање на црвените крвни клетки

Пакување: 30 таблети.

Содржина

Состав:

Состојки една (1) таблета  %ПДВ*
Витамин Б12 (како метилкобаламин) 1000 мкг 40000

*ПДВ-препорачано дневно внесување

Состојки: средство за зголемување на волуменот: манитол, средство против стврднување: растителен магнезиум стеарат, растителна стеаринска киселина, силикон диоксид, витамин Б12 (како метилкобаламин), арома: природна арома на цреша, вкрстено поврзана целулозна гума.

                                       
Производот не содржи: млечни производи, соја, квасец, конзерванси, вештачки ароми или бои.

Производот не содржи додадени шеќери и скроб.

Употреба: за возрасни, земете по една (1) таблета за џвакање дневно, пожелно со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар. Таблетата поставете ја помеѓу образот и гингивата, или под јазик и оставете ја да се растопи или џвакајте.

Предупредување: да не се надминува препорачаната дневна доза суплементи. Прекумерна употреба може да има лаксативен ефект. Производот не треба да се користи како замена на разновидна и балансирана исхрана и за здрав начин на живот. Во случај на пречувствителност на било која од состојките на производот, престанете со употреба на производот. Ако земате некои лекови или имате било каква медицинска состојба консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот. Консултирајте се со Вашиот лекар, ако сте употребиле повеќе од препорачаното. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Ако сте бремени или доите, консултирајте се со Вашиот лекар, пред употреба на производот. Таблетите се земаат со оброк. Производот е наменет за возрасни. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на собна температура.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се