МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна само во Скопје и истата е бесплатна со нарачка над 501 денар 

Уште една донација на Зегин

Со цел побрзо и полесно справување со пандемијата од Ковид 19, компанијата Зегин денеска додели уште една донација за здравјето на граѓаните, овој пат на најмалите. 
Директорот на Зегин, господин Благој Механџиски денеска лично додели 4000 детски визири во општина Чаир, наменети за децата кои посетуваат настава во оваа Општина упатувајќи силна порака дека децата се нашата иднина и треба да се грижиме за нив 
Донацијата ја прими градоначалникот на Општина Чаир, господин Висар Ганиу, кој во знак на благодарност, на господинот Благој Механџиски му додели плакета од Мајка Тереза како симбол на хуманост и сплотеност, истакнувајќи ја важноста и соработката помеѓу сите учесници во оваа борба, вклучувајќи ги поединците, институциите и компаниите како Зегин кои се директни и активни учесници во справувањето со пандемијата