МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Успешно завршен првиот Меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин Опен 2022“ во Берово

Изминатиов викенд во спортската сала "Македонски Бранители" во Берово се одржа дводневниот Меѓународен турнир во пинг понг “Зегин Опен 2022”. Организатор на турнирот е пингпонгарскиот клуб Зегин, а на истиот учествуваа натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија, Косово и Грција. Тренерот на клубот Јован Ковачовски истакна дека ова е прв Меѓународен турнир организиран во Берово, со идеја истиот да стане традиционален.

Честа да го отвори турнирот му припадна на спонзорот на клубот, господинот Благој Механџиски, кој се заблагодари на сите учесници и најави дека поддршката на поголемо ниво ќе продолжи и во иднина. "Посебна чест ни е да застанеме зад една успешна ваква организација и да помогнеме во уште поголем развој на овој спорт", рече Механџиски. Во последните четири години компанијата ЗЕГИН вложи многу во пинг понгот. Од мал локален пинг-понг клуб ППК Зегин стана респектабилен клуб во Македонија и пошироко. Со почетоците на пинг-понгот во Берово почнаа и успесите и сега веќе клубот има неколку младински репрезентативци

.Изјава

Наградниот фонд на Меѓународниот турнир кој е во организација на компанијата Зегин, Пингпонгарската федерација и истоимениот пингпонгарски клуб ППК ,,Зегин” изнесуваше 5000 евра, а организаторите за следната година најавија поголем фонд на награди.

сениори групна

Првото место на завршниот дел од турнирот во машка конкуренција му припадна на Милан Миленковиќ од Србија, додека најдобра кај жените беше Дамла Хасанова од Бугарија. За победникот Милан Миленковиќ Зегин Опен 2022 е најдобриот турнир на кој учествувал.

-Сум бил на навистина голем број на натпреварувања и турнири, но никаде не сум го доживеал ова што го доживеав овде- совршена организација, јаки играчи, одлично дружење. Секоја чест за клубот од Берово кој со поддршка на својот спонзор Зегин го овозможија ова.

Првопласираната во женска конкуренција, Дамла Хасанова од Бугарија која настапува за ППК Зегин исто така изрази задоволство од организацијата.

- Многу сум задоволна бидејќи победив и во јуниорска и во сениорска конкуренција. Од оваа година настапувам за ППК Зегин и се надевам на успешна сезона, рече Хасанова.

Победници на турнирот се:

Сениори

1. Милош Миленковиќ- Србија

2. Фатих Карабаџаку- Косово

3. Кристијан Станојковски- Македонија и Ѓорѓе Петровиќ- Србија

сениори

Сениорки

1.Хасанова Дамла- Бугарија

2.Драганова Кристина- Бугарија

3.Николов Уце Амелија- Македонија и Радак Сара- Србија

сениорки

Јуниори

1. Фатих Карабаџаку- Косово

2. Теодор Волканоски -Македонија

3. Александар Јакимовски- Македонија и Ѓорѓе Петровиќ- Србија

јуниори

Јуниорки

1.Хасанова Дамла - Бугарија

2.Радак Сара- Србија

3.Стојановска Ана- Македонија и Деспина Ампа- Грција

јуниорки