VagiQUICK Брз тест за Кандида

VagiQUICK Брз тест за Кандида
514,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052401C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

VagiQUICK е квалитативен брз дијагностички тест дизајниран за откривање на антигени на Candida во примерокот од вагиналната секреција со 91,3% точност. Со помош на VagiQUICK жените можат брзо и лесно да откријат дали имаат вагинална габична инфекција. Се користи метода на тест касета со принцип на антиген-антитела (имуноанализа). Резултатите од тестот може да се прочитаат преку изгледот на линијата во полето за тестирање.

„Вулвовагиналната кандидијаза (VVC) е подмолна инфекција која и влијае на голем дел од жените од сите возрасти, а 5 до 8% од заболените жени доживуваат рекурентна VVC (RVVC)“. (Zhou et. al., 2009). http://iai.asm.org/content/77/9/4130.full Симптоми на pruritus vulvae се болка во вулвата, вагинален исцедок, акутно чешање, осип на надворешните усни на вагината, генитално печење што се зголемува при мокрење. Исцедокот со непријатен мирис или гноен исцедок укажува на бактериска инфекција; диспареунија (површна); дизурија (надворешна).

Пакување: пакетот ги содржи сите потребни елементи потребни за тестот: тест касета, кеса со средство за сушење, брис и детално упатство за употреба. Резултатите од тестот може да се прочитаат по 5-10 минути.

Содржина

Упатство чекор по чекор за самостојно тестирање:

  1. Отстранете го уредот од запечатената торбичка и поставете го на рамна хоризонтална површина.
  2. Со едната рака стабилно држете го уредот. Со другата рака внимателно отстранете го алуминиумскиот покривач на виолетовата чашка. Внимавајте! Виолетовата чашка содржи течност.
  3. Отстранете го брисот од обвивката.
  4. Ставете го брисот 2 цм внатре во вагината и ротирајте го 20 секунди. Извлечете го брисот внимателно!
  5. Ротирајте го брисот во течноста во виолетовата чашка 20 секунди.
  6. Извлекувајте го брисот внимателно, истовремено притискајќи го на внатрешниот ѕид од виолетовата чашка. Фрлете го брисот.
  7. Држете го уредот стабилно со една рака. Завртете ја виолетовата чашка обратно од стрелките на часовникот додека не застане и потоа завртете ја пак до почетната точка.
  8. Повторете го чекор број 7 уште два пати. Во нивната крајна позиција, вдлабнатините на виолетовата чашка и белата основа мора да бидат порамнети.
  9. Прочитајте ги резултатите по 10 минути. Треба да се појави сина линија на контролната (C) ознака. Во случај на позитивни резултати треба да се појави и дополнителна сина линија на тест (Т) ознаката. Во случај на негативен или нејасен резултат, повторно прочитајте по 10 минути. Да не се читаат резултатите по период подолг од 20 минути бидејќи во спротивно може да се покажат лажни позитивни резултати.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се