VITALIA Кето бар пралини, 72 г

VITALIA Кето бар пралини, 72 г
99,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048879C
favorite_border

Опис на производот

Вкусен и здрав кето десерт формулиран од квалитетно темно чоколадо и кремаст путер од кикирики и крцкави јаткасти плодови. Овие слатки пралине се совршена ниско јаглехидратна ужина и десерт, со крцкава текстура и одличен вкус.
Како дел од кето диетата, една порција кето пралини (24 г) обезбедува 5.8 г јаглехидрати и 7% од потребната енергија за утринска или попладневна ужина/десерт.

  • Ниско количество на јаглехидрати
  • Без додаден шеќер / ниско количество на шеќери
  • Извор на протеини
  • Со високо количество растителни влакна

Нето-тежина: 72 г

Зошто КЕТО исхрана?
Кетогената исхрана се базира на принципот на внес на поголемо количество масти и протеини, а минимален внес на јаглехидрати. Намалениот внес на јаглехидрати го доведува телото во метаболитичка состојба – кетоза, при што се трошат масните резерви, односно мастите се согоруваат и стануваат примарен извор на енергија.

Дневните нутритивни потреби во кето режимот се 70% масти, 25% протеини и 5% јаглехидрати, односно внесот на јаглехидрати не смее да биде поголем од 50 г.
Кето исхраната особено се препорачува за дијабетичари поради ниското ниво на јаглехидрати и шеќери, а помага и во редукција на телесната тежина и намалување на ризикот од неуродегенеративни заболувања како Алцхајмер.

Содржина

Состав: путер од кикирики (печени кикирики, хималајска сол), кикирики, темно чоколадо со стевиа 30% ( какао путер, какао маса, засладувачи: изомалт и стевиол гликозиди, емулгатор: соја лецитин, арома), лешник, индиски орев, овесни снегулки, растителни влакна, киноа снегулки, корнфлекс (пченка, готварска сол, јачменов слад, емулгатор: моно и диглицериди на масни киселини)

Алергени:

Содржи соја, кикирики, јаткасто овошје и глутен. Може да содржи трагови од сусам.

Препорачана употреба: 1-2 порции кето пралине како утринска или попладневна ужина/десерт.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се