VITALIA Мусковадо - темен кафеав шеќер, 500 г

VITALIA Мусковадо - темен кафеав шеќер, 500 г
137,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
003122C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Кафеавиот шеќер Dark Muscovado на Виталиа потекнува од Јужна Африка, од островот Маурициус каде тропската клима и незагадената почва овозможуваат да се произведе најквалитетен нерафиниран шеќер во светот. Мусковадо кафеавиот шеќер е произведен на едноставен начин, со цел да се задржи, а не да се одстрани, природната меласа на шеќерната трска.

Квалитетот на шеќерот се согледува преку концентрацијата на природна меласа во него. Токму во меласата се содржани сите хранливи состојки на шеќерната трска. Според тоа, колку што е шеќерот потемен (со потемна кафеава боја) толку неговата содржина на витамини и минерали е поголема. Тоа значи дека во белиот шеќер нема воопшто меласа, односно целосно се одстранети хранливите состојки важни за здрав организам. Со други зборови конзумирајќи бел шеќер внесувате само калории и ништо повеќе. Затоа секогаш кога имате потреба од засладување помислете на сопствениот избор. Наместо бел шеќер употребете кафеав нерафиниран шеќер, со што ќе добиете не само вкусен туку и здрав оброк.

Dark Muscovado е темен кафеав шеќер со темна медова боја и одличен вкус. Тој им дава дополнителна арома на напитоците, колачите, тортите. Слатките топчиња подготвени со кафеав Muscovado шеќер имаат неповторлив вкус кој ќе ги воодушеви и најголемите гурмани. Прифаќањето на здравиот начин на исхрана е можно. Целосното уживање во таа промена зависи само од Вас.

Бидете убедени дека со заменувањето на белиот шеќер со кафеав не само што им нудите поздрава исхрана на своите најблиски туку и можност да се запознаат со нов вкус и арома својствени само за нерафинираниот шеќер.

Нето-тежина: 500 г

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се