VITALIA SoVita Соино млеко натурал, 300 г

VANILA SOVITA soy drink powder natural soja mleko napitok
VITALIA SoVita Соино млеко натурал, 300 г
178,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
011577C
favorite_border

Опис на производот

SoVita натурал е соино млеко во прав со одличен природен вкус. Соиното млеко е здрав производ кој лесно сварлив со висока нутритивна вредност. Произведено е од генетски немодифицирано соино зрно и е извор на протеини, витамини, минерали и бавносогорувачки јаглехидрати.
SoVita е 100% природен производ од растително потекло погоден за секојдневно консумирање, за сите возрасти, во сите пригоди вклучувајќи ги диетите. Употребете го како напиток, како додаток во кафе или во комбинација со традиционални мусли, кранчи мусли, гранола или за подготовка на милкшејк и десерти.

SoVita изобилува со природни растителни естрогени значајни за регулирање на хормоналниот статус посебно кај жените. Докажано е дека со дневно консумирање на 60 гр. соино млеко се намалува ризикот од слабеење на коските дури за 45%. Тоа е посебно значајно за време на менопаузата кога ризикот од остеопороза е најголем. Со редовно пиење на соино млеко, топлотните бранови како и останатите симптоми кои се појавуваат во периодот на менопаузата значително се намалуваат.

Се препорачува како прехранбен додаток и за лица со зголемена физичка активност, за спортисти, како и за лица со кардиоваскуларни заболувања. Со соиното млеко во прав можете да подготвите многу вкусни напивки, пудинзи, супи или сосови на ист начин како и со кравјото млеко.

Не се препорачува како замена за кравјото млеко до 3 годишна возраст, само соиното млеко збогатено со витамини може да го користат деца над една година.
 

Нето-тежина: 300 г

Содржина

Начин на подготовка: 2 лажички SoVita соино млеко во прав растворете во 250 мл топла или млака вода и промешајте. За подготовка на ладен напиток употребете миксер за подобро мешање. Со 300 г SoVita може да подготвите 2,5 литри напиток.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се