VITALIA SoVita Соино млеко со ванила, 300 г

VITALIA SOVITA soy drink powder vanilla soino mleko vo prav vanila
VITALIA SoVita Соино млеко со ванила, 300 г
170,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
003121C
favorite_border

Опис на производот

SoVita ванила е соино млеко во прав со одличен природен вкус и арома на ванила.Соиното млеко е здрав производ кој лесно сварлив со висока нутритивна вредност. Произведено е од генетски немодифицирано соино зрно и е извор на протеини, витамини, минерали и бавносогорувачки јаглехидрати. SoVita е 100% природен производ од растително потекло погоден за секојдневно консумирање, за сите возрасти, во сите пригоди вклучувајќи ги диетите. Употребете го како напиток, како додаток во кафе или во комбинација со традиционални мусли, кранчи мусли, гранола или за подготовка на милкшејк и десерти.

Обилува со природни растителни естрогени значајни за регулирање на хормоналниот статус посебно кај жените. Докажано е дека со дневно консумирање на 60 гр. соино млеко се намалува ризикот од слабеење на коските дури за 45%. Тоа е посебно значајно за време на менопаузата кога ризикот од остеопороза е најголем. Со редовно пиење на соино млеко, топлотните бранови како и останатите симптоми кои се појавуваат во периодот на менопаузата значително се намалуваат.

Се препорачува како прехрамбен додаток и за лица со зголемена физичка активност, за спортисти, како и за лица со кардиоваскуларни заболувања. Со соиното млеко во прав можете да подготвите многу вкусни напивки, пудинзи, супи или сосови на ист начин како и со кравјкото млеко.

Не се препорачува како замена за кравјото млеко до 3 годишна возраст.

Нето-тежина: 300 г

Содржина

Состав: пченкарен сируп, (делумно хидрогенизирано соино масло, соин протеин), фруктоза, регулатор на киселост: калиум фосфат Е340, емулгатор Е471, натриум казеинат, средство против згрутчување: силикон диоксид, сол, арома, боја: каротен.

Алергени: содржи соја и казеинат (млеко). Може да содржи траги од јаткасто овошје, глутен и сусам.

Начин на подготовка: лесно е за подготовка: 2 лажички SoVita соино млеко во прав растворете во 250 мл топла или млака вода и промешајте. За подготовка на ладен напиток употребете миксер за подобро мешање. Со 300 г SoVita може да подготвите 2,5 литри напиток.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се