VITALIA Тропикал мусли, 750 г

VITALIA Тропикал мусли, 750 г
210,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
002997C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Тропикал муслите претставуваат добро избалансирана здрава храна со извонреден вкус и арома. Произведени според оригинален рецепт од квалитетно овошје и житни снегулки. Тропикал муслите ги спојуваат плодовите на сонцето. Претставуваат оригинална мешавина на жита (овесни, р’жени и пченични), 35% егзотично тропско овошје: ананас, папаја, манго, урма, банана, кокос и суво грозје кои ви даваат тропска топлина секое ваше утро и 5% семки од лен и сончоглед.

За нашите потрошувачи го одбравме најквалитетното тропско овошје од еколошките предели на Тајван кој го надополнуваат оброкот со природни витамини и минерали, дозволувајќи ви за миг да ги почувствувате тропските предели на Далечниот Исток.

  • Ананасот содржи: калциум, провитамин А, витамин Е и Ц, витамини од групата Б (биотин), растителни влакна
  • Папајата содржи: Витамини: А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, минерали: калциум, калиум
  • Мангото е богато со аминокиселини витамини Ц и Е, флавоноиди, бета каротен
  • Урмите содржат: Калциум, фосфор- ја регулираат и стимулираат работата на цревата преку 10 гр диететски влакна кои ги содржи
  • Бананата содржи: Б6, магнезиум, железо, калиум, Ц витамин
  • Кокосот е богат со диетални влакна, има низок гликемиски индекс, извор на калциум и магнезиум, тиамин, и витамин Б6
  • Грозјето изобилува со растителни влакна, калциум и железо
  • Мешавината од семиња од лен и сончоглед природно е богата со диетални влакна, железо, витамин Б1, калциум, магнезиум и фосфор

Тропикал муслите се лесен и брз оброк, немаат додаток на шеќер и се погодни за диети и постење. Претставуваат хранлив здрав оброк за деца, спортисти и ученици.

Создадете здрава навика денот да ви започне со оброк од мусли (комбинација на житни снегулки, овошје и семиња) кои потопени во млеко ќе ви обезбедат здрав и лесен оброк полн со енергија.

Нето-тежина: 750 г

Содржина

Состав: житарици (овесни снегулки, ржани снегулки, пченкарни снегулки (пченка, сол, јачменов слад, емулгатор: соин лецитин), сушено овошје (ананас, папаја, суво грозје, банана, кокос, урма, манго), семиња (сончоглед, лен).

Алергени: производот содржи глутен и соја, може да содржи траги од јаткасто овошје и сусам.

Начин на приготвување: подготовката е лесна и брза, 4 лажици од муслите (55 г) се потопуваат во 200 мл млеко или јогурт и се оставаат да отстојат 10 мин.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се