VITALIA Зелена глина за надворешна употреба, 500 г

VITALIA Зелена глина за надворешна употреба, 500 г
243,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
005009C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Зелената глина се истакнува како најефикасна меѓу многуте типови глина кои постојат. Таа е најценетото природно козметичко средство со извонредно регенеративно и ревитализирачко дејство врз кожата.

Благодарение на високата концентрација на минерали и олигоелементи, зелената глина помага во лекување на голем спектар кожни заболувања како акни, мозолки, чирови, рани и исекотини. Може да ја користите и како природен антирид (средство против брчки), за освежување, прочистување, дезинфекција и дезодорирање на кожата.

Маска за лице се подготвува така што 1 лажичка прав од глината се раствара со малку вода за да се добие густа хомогена маса. Потоа се нанесува во рамномерен слој на лице, врат и деколте, па се остава да се исуши. Доколку имате сува кожа додадете неколку капки маслиново масло. Маската извадете ја штом ќе почуствувате дека ви го затега лицето. Направете го тоа со млака вода или со чај од камилица. Потоа намачкајте се со крема.
Ставајте ја оваа маска два пати неделно. Таа ќе Ви ја подмлади кожата, ќе Ви ги израмни брчките, ќе Ви го освежи тенот и ќе го врати неговиот природен сјај.

Глината за надворешна употреба на Виталиа е единствена на пазарот. Пробајте ја и уверете се во нејзините делоторни својства!

Нето-тежина: 500 г

Содржина

Состав: зелена глина.

Зелената глина е тип на минерална глина со висока апсорбирачка моќ. Уникатната композиција ја прави особено корисна како терапевтски третман за голем дел здравствени проблеми.

Алергени: може да содржи траги од јаткасти плодови и сусам.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се