VIZOL S 0,4% Вештачки солзи, 10 мл

VIZOL S 0,4% Вештачки солзи, 10 мл
376,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
023243C
favorite_border

Опис на производот

Вештачките солзи Vizol S ги ублажуваат тегобите на суво и многу суво око, иритација, печење и непријатност. Сувоста на окото може да настане поради нарушување на солзниот филм, долготрајна работа на компјутер, носење контактни леќи, престојување на сув и топол воздух, стареење и други субјективни причини.

Капките содржат 0,4% натриум хијалуронат што допринесува за нивната вискозност и заштита која останува на површината на окото долго време, обезбедувајќи дојготрајно пријатно чувство на очите. Се користи кај потешки тегоби на суво око, за секојдневна употреба, при терапија со други лекови и ноќна примена.

Пакување: 10 мл

Содржина

Состав: натриум хлорид, натриум дихидрогенфосфат дихидрат, натриум хидрогенфосфат безводен, натриум хијалуронат, прочистена вода.

Vizol S 0,4 % капките не содржат конзерванс, имаат иновативен апликатор и после отварањето може да се користат 6 месеци!

Употреба: Кога користите Vizol S 0,4% капки за суво око, се препорачува да ги отстраните контакните леќи пред примената на 15 минути. Може да ги употребуваат возрасни, деца и бремени жени.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се