МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Вработените во Зегин бојадисуваа велигденски јајца со децата од СОС Детско село

По повод големиот христијански празник - Велигден, дел од тимот на компанијата Зегин денеска имаше прилика празнично да се дружи со дечињата од СОС Детско село и заеднички да бојадисуваат велигденски јајца.

Иницијативата за овој посебен настан беше на компанијата Зегин и Фондацијата Др. Верица Механџиска, а истата со задоволство беше прифатена од СОС Детско село. Целта на ова дружење беше желбата  да им се донесе радост и топлина на децата без родителска грижа.

Компанијата Зегин со многу љубов подготви подароци за сите деца од селото, како и за децата од згрижувачките семејства кои се наоѓаат надвор од селото.

Посетата на СОС Детско село е најдобриот начин да се воочи какви промени се случуваат во животот на децата и заедницата.

Поддршката е клучна, а дружењето со овие деца претставуваше посебно искуство за тимот на Зегин.

SOS detsko selo

Низ игра, смеа и музика и одлично расположение, беа бојадисани најубавите Велигденски јајца. 

Со овој благороден чекор компанијатa Зегин уште еднаш ја докажа својата општествено одговорна мисија, со желба и поттик и останатите компании да се приклучат кон ваквите иницијативи.