YSLAB Ocean Bio-Actif Pediatric Спреј за нос за деца, 100 мл

Опис на производот
- Чисти
- Прилагодлив назален продолжеток
- Нежна микро-дифузија
- 100% природен производ
- Производот е наменет за деца од 1 месец до 3 години
Децата помали од 3 години дишаат исклучително преку нос и не знаат сами да го издуваат носот. Назалната хигиена е значајна и за нормална исхрана и спиење.
Ocean BIO-ACTIF Pediatric Nasal hygiene спрејот е наменет за редовната хигиена на носот на вашето дете. Со редовна употреба помага при чистење на носната празнина, отстранување на нечистотии и заштита од назални инфекции.
Врвот на назалниот продолжеток е специјално дизајниран да се прилагоди на бебешкото носе, а микро дифузијата осигурува нежно и безбедно чистење.
Изотоничниот раствор на морска вода* потекнува од природна, чиста средина од Brittany Франција.
Пакување: 100 мл
Содржина
Состав: изотоничен раствор на морска вода*. Природен раствор.
Производот не содржи конзерванси.
*Изотоничниот раствор на морска вода има слични концентрации на минерални соли како концентрациите во хуманите клетки.
Употреба:
Кога треба да го користите Pediatric Nasal hygiene – спрејот:
- Наведнете ја главата на вашето бебе на страна, но не наназад, нежно внесете го назалниот продолжеток, во десната ноздра
- Прснете лесно од спрејот
- Оставете вишокот од растворот да истече од ноздрата и потоа избришајте го , ако е потребно
- Повторете ја постапката за левата ноздра
- После секоја употреба измијте го назалниот продолжеток со сапун и топла вода и добро исплакнете го
Начин на употреба: назална употреба.
- Секојдневна употреба: прснете по 1 или 2 пати во секоја ноздра, секој ден
Со цел да се избегне ризик од контаминација, се препорачува после секоја употреба, измијте го назалниот продолжеток со сапун и топла вода и добро исплакнете го.
Еден производ треба да го користи само едно лице.
Да не се употребува во случај на алергија, интолеранција или хиперсензитивност на состојката во состав на производот.