МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
ЗЕГИН со нова хумана акција по повод 7 Април - Светскиот ден на здравјето

Сензорна соба во ООУ. „ Ѓорче Петров “ во општина Ѓорче Петров во рамки на  проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Од 07.04.2022 година, или токму на Светскиот ден на здравјето,  учениците со и без образовни потешкотии во ООУ „Ѓорче Петров“ во општина Ѓорче Петров ќе може да работат во сензорната соба опремена со реквизити и стимулативните алатки, придружени од стручната служба и специјалниот едукатор и рехабилитатор.

Фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин ја поддржа реализацијата на сензорната соба, активност на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ која е финансиран од Европската Унија, а има за цел да ги подобри можностите за образование на децата со попреченост.

сензорна соба

„Среќни сме што Фондацијата д-р Верица Механџиска, која во фокус на своето работење го става подобрувањето на квалитетот на живот на ранливата категорија на лица ја реализираше оваа соработка со помош на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ и заеднички успеа да ја опреми оваа сензорна соба. Благодарни сме на оваа заедничка соработка и верувам дека со тоа во јавноста испраќаме важната порака, со заедничко вклучување придонесовме кон создавање на позитивни промени и вредности, не само за децата со попреченост, туку и за заедницата во целост“ – истакнаа претставниците на Зегин и фондацијата д-р Верица Механџиска.

сензорна соба

На отворањето на сензорната соба присуствуваше и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, кој пред сè како лекар, го изрази своето задоволство и благодарност за подобрување на инклузивните капацитети и практики во општина Ѓорче Петров

сензорна соба  

Реализацијата на сензорната соба е во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Европската Унија, а го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.