WAYA Биотик капки за деца, 10 мл
Опис на производот
Во својот состав капките WAYA Biotic содржат пробиотски сој Lactobacillus rhamnosus GG.
- Lactobacillus rhamnosus GG е најистражуван сој на пробиотски бактерии
- Микроенкапсулиран облик кој овозможува 5 пати поголема концентрација во цревата
- За воспоставување и одржување на цревната микрофлора кај новороденчиња, доенчиња и деца
- За урамнотежена цревна микрофлора при дијареа
- Како дополнување на антибиотско лекување
- За подобрување на имунитетот
- При стомачни грчеви (колики)
- При нарушена рамнотежа помеѓу добрите и лошите бактерии, цревна дисбиоза (последица на вирусна инфекција - најчесто ротавируси, бактерии, неправилна исхрана, стрес, стареење, употреба на различни лекови, најчесто антибиотици
Пакување: 10 мл.
Содржина
Состав: Lactobacillus rhamnosus GG (ATCC 53103), пченкарно масло.
7 капки WAYA® Biotic / BAJА Биотик содржат најмалку 1.4 х 109 Колонски единици микроенкапсулирана пробиотска култура Lactobacillus rhamnosus GG (ATCC 53103).
Употреба:
- Производот има природен талог, затоа пред секоја употреба добро протресете го шишенцето. По протресувањето, производот станува природно - заматен
- Производот е без мирис и без вкус
- Капките WAYA® употребувајте ги најмалку две седмици. Адекватни се за долготрајна примена.
- Најдобро е да се земаат со сопствената лажица
- Новороденчиња, доенчиња и деца до 2 години: по 7 капки една дневно
- Деца од 2-6 години: 10 капки еднаш дневно
- Производот чувајте го во оригинална амбалажа и искористете го во текот на еден месец после првото отворање.
- Ако употребувате антибиотик земете WAYA ® Biotic / ВАЈА Биотик капки уште од првиот ден од третманот со антибиотик, најмалку два часа пред или после употребата на антибиотикот.
Предупредување: Не ги употребувајте WAYAR Biotic / BAJA Биотик капките ако сте алергични на било која состојка на производот. Да се чува подалеку од дофат на деца!
Производот не содржи алергени, лактоза, глутен и млечни протеини.
Мерки на претпазливост: Да не се употребува граничниот производ пред да се прочита упатството за употреба на граничниот производ. Чувајте го на температура до 25°С, заштитено од влага и светлина. Граничниот производ не смее да се употребува по истекот на рокот на употреба.